ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Истражување на „Џонс Хопкинс“: Загадувањето на воздухот е поврзано со зголемен ризик од деменција

September 5, 2025 17:19
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Научници од Соединетите Американски Држави дојдоа до заклучок дека ситните честички во загадениот воздух можат да предизвикаат појава на тешки облици на деменција, и да го забрзаат нивниот развој, преку предизвикување токсични протеински грутки, коишто ги уништуваат нервните клетки додека се шират низ мозочното ткиво.

Истражувањето на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Балтимор, Мериленд, САД, проучува податоци од повеќе од 56,5 милиони пациенти во САД – меѓу 2000 и 2014 година. Написот, објавен во научното списание „Сајенс“ (Science), се темели на претходни истражувања каде што ПМ-2,5 честички биле пронајдени и во мозокот на луѓе со Алцхајмерова болест, а нивното присуство е поврзано со пад на интелектуалните способности. Во таа смисла, се истакнува и деменцијата со тн. Левиеви тела – вториот најчест вид деменција по Алцхајмеровата болест.

– За разлика од возраста или наследноста, загадувањето на воздухот е модифицирачки фактор на ризик. Главната порака на нашиот труд е тоа дека политиките за чист воздух се исто така политики за заштита на здравјето на мозокот, изјави д-р Сјаобо Мао, невролог и водечки истражувач во овој научен труд.

Долготрајната изложеност на ПМ-2,5 честички – помали од 2,5 илјадити делови од милиметарот, коишто можат да навлезат длабоко во белите дробови, крвотокот, па дури и во мозокот, значително ја зголемува опасноста од оваа болест, тврдат истражувачите. Според наводите, кај луѓето кои живеат во подрачја со повисоки концентрации на ПМ-2,5 честички, има значително поголема опасност од развој на деменција со Левиеви тела. Експериментите врз глувци ги потврдиле овие наоди – животните изложени на честичките доживеале губење на нервните клетки, намалување на мозочната маса и пад на умствените способности.

Професорот Тед Досон, еден од соавторите на испитувањата, вели дека има „убедливи докази“ што го поврзуваат загадувањето на воздухот со овој вид деменција.

– Треба да работиме заедно за да го зачуваме чистиот воздух – бидејќи ова е еден од најважните чекори во спречувањето на деменцијата, нагласи Досон.

Научниците предупредуваат дека овие наоди имаат сериозни импликации за глобалното јавно здравје. Бидејќи загадувањето на воздухот е фактор што може да се контролира, намалувањето на емисиите од сообраќајот и индустријата, подоброто контролирање на шумските пожари и ограничувањето на употребата на дрво во домаќинствата би можеле значително да ја намалат инциденцата на невродегенеративни заболувања ширум целиот свет.

Tags: деменцијазагадување на воздух
Next Post

Градоначалникот на Росоман Николов за поднесената кривична пријава тврди дека се работи за политички притисок

Shortcut

Најново

Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026
Европска централна банка (фото: Wikipedia)

ЦИВИЛ Медиа анализа: Каматите не ги диктира само Франкфурт, поскапувањето на кредитите не е автоматско

September 14, 2026

Филипче предлага конкретни мерки: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

September 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk