ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Мицкоски: Имаме планови за трајно решение на проблемот со депониите

September 11, 2025 15:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како многу други работи што решивме во овие 15 месеци, ќе го решиме и овој проблем, а со новиот градоначалник во Скопје, јас сум убеден дека овој проблем трајно ќе се реши. Затоа што тука е потребна фабрика за отпад, тука е потребна производна единица која што метанот ќе го користи за електрична енергија и имаме планови за трајно решение на овој проблем за Скопје, но и на целата територија на Македонија, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според претседателот на Владата, палењето на депониите се користи во период на предизборие и со цел предизвикување паника и негодување.

-Ова што се случува со депониите и палењето на истите, можам да кажам дека е после успешно завршената сезона на пожари во која споредено со други држави во регионот каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, каде што имаше голема штета во движниот и недвижниот имот, ние такви случаи немавме поради добрата организација и навремено постапување. Очигледно тоа некому пречеше и периодот на предизборие го користи да создаде паника и негодување. Ние тоа го следиме многу внимателно. Тоа е проблем што е создаван со децении, никој досега не го решил нити се зафатил со негово решавање. Ние овој случа нема да го оставиме вака, работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација во Вардариште и Дрисла и ќе можеме да дејствуваме внатре, се со цел да не се случува ова континуирано, истакна премиерот Мицкоски на новинарско прашање по посетата на ГОБ „8 Септември“ во Скопје.

Во изјава за медиумите, премиерот потсети дека МВР приведе три лица кои краделе на дивата депонија Вардариште, а се води истрага и за случувањата во Дрисла.

-Тоа што треба државата да го направи, ќе го направи, но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Како многу други работи што решивме во овие 15 месеци, ќе го решиме и овој проблем, а со новиот градоначалник во Скопје, јас сум убеден дека овој проблем трајно ќе се реши затоа што тука е потребна фабрика за отпад, тука е потребна производна единица која што метанот ќе го користи за електрична енергија и имаме планови за трајно решение на овој проблем за Скопје, но и на целата територија на Македонија, нагласи премиерот Мицкоски.

Претседателот на Владата Мицкоски најави дека за донесување на Стратегија за нула отпад, документ апликативен за државата, ќе биде организирана јавна дебата на која ќе бидат поканети и ќе земат учество сите заинтересирани субјекти.

Next Post

Меџити - Агелер: Соработка со САД за заштита и одржлив развој на Охридското Езеро

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk