ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Рама ја претстави новата влада, за првпат жена на чело на полицијата

September 11, 2025 16:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на албанските владејачки социјалисти, Еди Рама, го соопшти новиот состав на 17- члениот владин кабинет „Рама 4“, во кој за првпат на чело на полицијата ќе биде жена, Албана Кочиу, досегашна министерка за здравство.

На функцијата потпретседател на владата и министерка за инфраструктура и енергетика останува Белинда Балуку, исто како и Пиро Венгу, во ресорот одбрана и Петрит Малај, за финансии.

Нова министерка за Европа и надворешни работи ќе биде Елиса Спиропали, досегашна претседателка на Парламентот.

Министерка за економија ќе биде Делина Ибрахимај, за туризам Бленди Гонџја, за образование Мирела Кумбаро, за здравство Евис Сала, за правда Бесфор Ламалари, за локална самоуправа Ервин Демо, додека Тони Гога, државен министер за односи со Парламентот. Формирано е „Сонце“ (креирано со вештачка интелигенција) – Министерство за вештачка интелигенција за јавни набавки.

Половина од министрите се од претходната влада, дел од нив трансферирани од едно во друго министерство.

По конституирањето на Парламентот, што е закажано за утре, Еди Рама официјално ќе го достави списокот на предложени министри до претседателот.

Шефот на државата во рок од седум дена треба да потпише уредба, а потоа, во рок од 10 дена, имињата ќе бидат ставени на гласање во Собранието, на истата седница каде што премиерот ќе ја презентира и програмата на новата влада, со главни приоритети фокусирани на реформите за европска интеграција, под слоганот „Албанија 2030 во ЕУ“.

На утрешната конститутивна седница на парламентот, во вториот дел, ќе биде избран претседател на Парламентот, за што Рама го предложи Нико Пелеши, поранешен министер за одбрана. Претседател се избира по предлог на најмалку 15 пратеници, со тајно гласање и без дебата, со мнозинство гласови.

Со првата седница ќе раководи социјалистот Васил Лајо,  како највозрасен пратеник, бидејќи ниту Сали Бериша ниту Тритан Шеху, и двајцата од опозициската Демократска партија(ДП), повозрасни од Лајо, не се согласиле да ја водат оваа седница.

Tags: АлбанијаВладаРама
Next Post
Генерирано со ВИ

Мерц: Нашето разузнавање треба да биде на исто ниво со големината и моќта на Германија

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk