ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

September 15, 2025 07:59
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за Фронтлајн, Изет Меџити ja претставува визијата за урбаниот развој на Чаир, се осврнува на политичките предизвици во земјата и го критикува ДУИ за донесувањето на „српскиот свет“ и обидите преку средби на нејзини претставници за враќање на Груевски на политичката сцена во Северна Македонија.

Фронтлајн: Се наоѓаме во простор кој со години беше затворен, вие презедовте акција да го претворите во еден вид модерен паркинг?

Изет Меџити: Паркингот постоеше, додека контрадикторно е тоа што главниот проблем на Старата чаршија, да не речам и на Чаир и на Скопје, е токму паркингот. Имајќи паркинг, истиот не беше во функција. Тука, во соработка со Министерството за култура и со институциите што се наоѓаат тука – Музејот, Конзерваторскиот центар – извршивме инспекција на ова место кое што беше магацин за отпад, уништени автомобили и со заклучена врата. Ја отворивме вратата, го исчистивме просторот, исцртавме линии, односно се вратија во функција над 50 нови паркинг места кои постоеја, но сега се во служба на институцијата, односно Старата чаршија.

Фронтлајн: Ова ќе се користи само за еснафите на чаршијата или пошироко?

Изет Меџити: За чаршијата и за институциите што се тука. Надвор има простор за 70 паркинг места, таму планираме да изградиме челична конструкција за уште 70 нови паркинг места. Со тоа веднаш ќе се создадат над 100 нови паркинг места во самата чаршија, без да се оштети културното наследство, туку напротив, со создавање нови паркинзи во функција на ревитализацијата и оживувањето на Старата чаршија.

Фронтлајн: Што ќе се прави во делот на модернизацијата и зачувувањето на Старата чаршија?

Изет Меџити: Прво, Старата чаршија е најголемата чаршија на Балканот, има 700 дуќани. Со донесувањето на студентите, прво со дисперзираните студии на Универзитетот во Тетово во зградата на Де Кока, започна враќањето и оживувањето на чаршијата. Таму се реконструираше калдрмата, беше поставено осветлување, стотици културни активности и сето тоа доведе до тоа Чаршијата не само да се оживее, туку да има посетеност како никогаш порано. Во поранешна Југославија функционираа само две главни улици – таа на златарите и Битпазарска – а сега дури и тесните улички кои никогаш не биле посетени, денес се преполни со разновидни бизниси. Скопската чаршија денес најмногу наликува на Таксим, и во доцните часови има голем број туристи и граѓани. Главен проблем останува паркингот.

Во Министерството за транспорт има владина одлука за 25 милиони евра за завршување на Плоштадот Скендербег и создавање 400 нови паркинг места на две подземни нивоа. Надземниот дел ќе биде претворен во плоштад, зеленило и културни активности. Само тука ќе се создадат околу 500 нови паркинг места за Старата чаршија, што значително ќе го намали овој проблем.

Во однос на културната димензија – ова е наследена културна вредност. Имаме и хамам – Ѓулшен хамам – кој е разрушен и за кој веќе имаме проекти за реставрација. На крајот на денот, туристите доаѓаат поради културното наследство на Чаршијата, а не поради нови трговски центри.

Фронтлајн: Кога сме кај Плоштадот Скендербег, според вашиот план тој ќе биде еден од најголемите плоштади во Скопје?

Изет Меџити: Најголемиот, да. Сега има 10.000 м², а со додавањето на овој простор ќе биде над 20.000 м². Мислам дека ќе биде главниот плоштад во Скопје.

Фронтлајн: Кои се трите приоритетни точки од вашиот мастерплан за Чаир во првите години од мандатот?

Изет Меџити: Чаир сам не може да се справи со проблемите затоа што при основањето беше формиран со 3,4 км², приближно исто како касарната Илинден, а во “касарна“ има 80.000 жители – со малку можности и потенцијал. Со овој модел на децентрализација беше многу тешко да се движат работите.

За наша среќа, сега има влада која како никогаш досега ги поддржува општините – минимум 1 милијарда евра се издвојуваат за капитални инвестиции во општините. Ние сега имаме и општина, и град, и градски претпријатија, и Влада, и сето тоа во функција на побрз развој или позитивна дискриминација на Чаир за да го фати чекорот со другите општини.

Фокусот ќе биде на новиот мастерплан – визија за наредните 50 години за урбанистички развој, детални планови и Генерален план. Но ќе има и конкретни проекти – решавање на сообраќајот со изградба на улицата Цветан Димов или улицата кај Јахја Паша (за која има проект, дозвола и започнат процес на експропријација од околу 10 милиони евра). Тоа ќе биде дел од мојата програма како кандидат за Чаир, но и дел од програмата на Орце како кандидат за Град Скопје.

Истотака имаме проект за проширување на улицата Македонско-Косовска Бригада меѓу Топанско Поле и населбата на Бошњаците, Топаана, и има идеја “Џон Кенеди“ да се пробие до булевар “Никола Карев“, со што ќе се отворат главните артерии на Чаир.

Фокус ќе биде и врз младите, врз образованието – од предучилишно образование, како градинката „Бамби“ има одлука за изградба на уште две нови градинки во Чаир, што е доволно за децата во општината.

Во делот на образованието – училиштето “Конгреси и Манастирит“ почна да работи во една смена. Ќе изградиме уште две нови училишта, со што Чаир ќе има 11 училишта и 8.500 ученици ќе се распоредат по околу 700 во секое, со цел секое училиште да работи со една смена и со целодневна настава.

Она што не радува е што Чаир, покрај оживеаната чаршија и Бит пазарот кој повеќе не е тој стариот со тезги, туку еден модерен пазар, е опкружен со четири универзитети, а има и тенденција да дојдат и други. Така, од гето го претвораме во студентски град со многу бенефити и сосема нова димензија за развој на Чаир.

Фронтлајн: Кога сме кај младите, вие ја споменавте касарната „Илинден“ која е речиси колку територијата на општина Чаир, додека вие ја претворате во универзитетски центар. Освен тоа, најавивте и изградба на младински, културен центар кој е многу важен за Чаир како урбана општина, која има значајна младина за вакви активности. Каква ќе биде инвестицијата во овој правец?

Изет Меџити: Прво, треба да констатираме дека Чаир има младина, има квалитет и има светски резултати, особено во областа на спортот, затоа меѓу другото ќе имаме и музеј за промоција на златните, олимписки медали и сите постигнувања на оваа младина од Чаир. Завршува првиот базен кај “Исмаил Ќемали“, започнува вториот базен кај школото “7 Март“ и базенот кој 50 години не бил во функција кај крајот на Дижон како овој паркинг, таму ќе биде мултидимензионален спортски центар за меѓународни натпревари, различни спортски дисциплини. Сега имаме и клубови за ракомет на жени во Чаир, со резултати речиси во сите натпреварувања и спортови Чаир е присутен, затоа заслужува мини „Борис Трајковски“ да има токму таму, на крајот од Чаир. Исто така за младината, таму каде што е “Американскиот агол“ спроти бензинската пумпа, тоа е Стариот Чаир, бараките треба да се урнат, таму имаме донатори од Чаир за изградба на младински центар кој ќе биде мултифункционален – библиотека, читална, ќе има камп за вештачка интелигенција, обуки, различни курсеви, значи ќе биде генератор на идеи и младински организации во Чаир.

Фронтлајн: Зошто во оваа предизборна кампања во Чаир, Јавното претпријатие ги собира отпадоците од кантите, но не и околу нив. Дали ова е некаква намерна политичка игра, бидејќи не е на ниво?

Изет Меџити: Бидејќи сме тука, ова е Ѓулшен хамам, значи и ова ќе биде наша намера, за ова имаме проект. Вакви проекти да ги обновиме, да ги ревитализираме, за да ѝ ја вратиме вистинската слика на Старата чаршија, да не речам дека Капан ан, Сули ан се загушени со продавници наоколу и не се гледа тој стар ѕид, не се гледа таа архаична вредност заради која туристите доаѓаат најпрво да ги видат овие стари вредности, значи и ова ќе биде придонес за да ја извадиме на површина вистинската вредност на Старата чаршија. Што се однесува до темата отпадоци, тие си играат со тоа што граѓаните не ги знаат точно надлежностите, чија е одговорноста, како е. Кога ќе видат проблем во Чаир веднаш адресата е општината, но заради вистината околу “Комунална хигиена“, граѓаните сметките за вода ги плаќаат кај “Водовод“ кое е градско претпријатие, за зеленилото исто така кај “Водовод“ затоа што го имаат во фактурата еден дел, еден процент, и за хигиената плаќаат во „Комунална хигиена“. За жал, ова е тоа што го нуди ДУИ, Левица и Данела Арсовска. Мислам дека има и тенденција намерно, таму каде што имало 7 контејнери, тие ги тргнале 3-4 и веднаш се создаваат проблеми. Не ги собираат како што треба, не се во функција, никогаш не била полоша хигиената во Град Скопје, но за среќа ова завршува, значи уште еден – два месеци, ќе има ново раководство во Град Скопје, ќе има ново раководство во Јавното претпријатие и овие работи ќе бидат на ниво на задачата, на ниво на одговорноста. Верувам дека ќе се удвои, ќе се среди, ќе имаме подобра хигиена во Чаир и Скопје, а како општина Чаир или како кандидат во мојата програма имамво првата година да нема ниту отпадоци, ниту контејнери над земја, значи сè да се внесе под земја. Имаме 5 локации сега, подготвуваме уште 2-3 до изборите и ја имаме идејата, го имаме концептот, го имаме затворено финансискиот конструкциски дел – сите контејнери на општина Чаир, било на главните улици, било на локалните улици да се спуштат под земја и ова значително ќе ѝ помогне на претпријатието кое треба само да дојде да ги собере навечер или наутро и да ги одржува и чисти улиците, значи ова ќе биде олеснување од нашата општина.

Фронтлајн: Г. Меџити, планот за зелените површини – познато е дека во Чаир главниот парк е оној кај стадионот во Чаир и дел во планината Гази Баба. Дали имате план за ова?

Изет Меџити: Видете, ако одиме со проценти, Чаир е една од најзелените општини во Град Скопје, на 3 километри го има паркот во Чаир, го има паркот во Топанско Поле, има помали паркови, е опкружен со Гази Баба, опкружен со Кале, значи проблемот не е во маалата Стар Чаир и Топанско Поле каде што има колективни згради. Главниот проблем е во нашите маала кои се со субстандардни услови – со Серава, со Дижонска, со Гази Баба, со Топаана, со Карадак маало – сите овие се со индивидуални куќи и имаат проблем и со паркинзите, и со движењето, значи со тесните улици, и со парковите. Ако го земеме како целина, одговорно тврдам дека ако ги земеме процентите, Чаир е меѓу најзелените општини во Град Скопје. На Чаир му треба трансформација со мастерпланот на Бајрам Вардар за урбанизација на Чаир, на овие маала со субстандард, да земеме добри примери од Бурса, Истанбул, Измир за овие маала да се урбанизираат, да имаат пошироки улици, зеленило и паркинзи.

Фронтлајн: Која е разликата меѓу вашата понуда и понудата на вашиот противкандидат? Гледаме дека во оваа предизборна кампања и до почетокот на официјалната кампања, вие повеќе се фокусирате на локалниот проблем на граѓанинот, додека вашиот противкандидат се занимава со теми кои имаат врска со геополитиката.

Изет Меџити: Па едноставно тоа му го олеснува на граѓанинот, бидејќи кога му треба градоначалник знаат дека тоа е Изет Меџити, кога му треба политичар од салони, од коктели низ амбасади, од протоколи, таму може да му подаде рака. Јас лично го зедов од друга партија, го донесов во ДУИ, го предложив за министер, така што сега сме во локални избори. Граѓанинот треба едноставно да избере, да не речам мајстор за општината, менаџер на општината, човек кој ја познава општината, ги знае надлежностите, знае каде се надлежностите на Чаир, каде се надлежностите на Градот и каде се на Владата, знае која улица е во надлежност на Чаир – локална, станбена, знае дека главните улици се надлежност на Град Скопје. Не му треба градоначалник кому му треба еден мандат за да го запознае Чаир, туку му треба градоначалник кој знае каде го боли Чаир, знае каде се слабостите на Чаир, но знае и каде се предностите на Чаир. Исто така, на Чаир му треба силна поддршка и од Градот и од Владата, за позитивна дискриминација за да се елиминира дискриминацијата која со векови му се случувала на Чаир како стар дел на Скопје.

Фронтлајн: Се користи наратива преку надворешна политика, српскиот свет и слично. Дали мислите дека ова е малку претерано за локални избори?

Изет Меџити: Ако ги земете парламентарните избори кога ние зборувавме за промена, за борбата против корупцијата, за внесување на демократизација во албанската политичка сцена, да има и нова генерација политичари кои ќе се тестираат, ќе се докажат, а на крај Албанците да имаат повеќе можности, повеќе фигури, повеќе потенцијал за иднината – тие тогаш зборуваа за плазма кекси, за куфери, за мечеви. И тогаш не беа во контакт со реалноста. Денес кога имаме локални избори, денес кога самите членови на ДУИ кога нема камери, така да кажам, велат дека имале повеќе поддршка од владата на ВЛЕН отколку кога биле “нивните“. Овие нè заборавија, овие другите ни дадоа средства толку што немаме идеи, немаме подготвени проекти за да излеземе пред јавноста со помошта што ја нуди Владата. Значи, денес зборуваме за локални избори, зборуваме за локални проблеми и локални решенија – почнувајќи од канализацијата, атмосферската мрежа, отпадоците, градинките, училиштата – за ова ја бараме довербата затоа што тука ја имаме визијата, тука ја имаме програмата и тука треба да дадеме отчет по четири години каде сме го нашле и каде сме го донеле Чаир, Дебар, Боговиње или која било друга општина. Од непостоење на идеја, визија, сега се обидуваат со “Српскиот свет“. Ако некој се среќавал со “Српскиот свет“ тоа се токму тие. Знаете дека е разбирливо, логично на крајот, премиер, министер за надворешни работи кога има самити да го пречека министерот на Србија, Вучиќ, но нема никаква логика претседател на партија кој нема никаква институционална функција да биде првиот кој ќе го пречека Вучиќ кај бунарот, кај црквата Св. Наум, веројатно разговарајќи за тоа како му е подарен Св. Наум на Србија или за правење други територијални промени. Имаше такви тенденции во нивно време за размена на територии на север. Истотака, ако ги земеме само посетите, ние сме една и пол година на власт, немавме ниту една заедничка седница со Србија, немавме ниту еден состанок со претставници на српската влада, додека не беше така во нивно време. Тогаш се фалеа за смирување и за чекорење напред како Французите со Германците, треба да се помириме со Србите и да чеккориме заедно. Тоа беа изјавите на г. Ахмети и г. Османи. Во нивно време г. Османи не му одговори на Муцунски дека повеќе од него бил во Белград – 11 посети имал во Белград и ниту една во Приштина, Митровица. Исто така, вчера го добивме и одговорот од собраниската говорница – од кога дојдовме ние не сме имале ниту една заедничка седница, ниту една иницијатива за Отворен Балкан. Отворен Балкан ја фаворизираше Србија и ја извади на површина пораката дека проблемот на регионот е Косово, а не Србија. Тоа беше пораката што ја помогнаа ДУИ и други фактори внатре во Отворен Балкан. Токму ние што го елиминиравме Отворен Балкан, ние сме против Отворен Балкан. Значи многу е јасно, фактите се кој го помогна “Српскиот свет“ и кои соработувале со “Српскиот свет“ без да навлегуваме во други детали кои можеби треба да ѝ ги дадеме на јавноста – кој се дружи со претставници на српската БИА тука во Македонија, почнувајќи од Ахмети, Таравари и сите други.

Фронтлајн: Какви ќе бидат дебатите за изборите? Вашиот противкандидат бара дебати со Мицкоски, додека е кандидат за општина Чаир?

Изет Меџити: И тоа е смешно, значи дури и кога се кандидираш за градоначалник, бараш дебата со премиерот. Тоа е премногу лошо за функционер кој постојано бил во Владата, 20 години на различни владини позиции. Јас барав дебата бидејќи тоа е во интерес на граѓаните – да ја видат визијата на едниот и на другиот и на крај граѓанинот полесно да оцени кого да гласа и кому да му ја даде шансата за следните четири години. И видов дека за да релативизираат, измислија средба со Вулин во Куманово. Не знам ни каде е Вулин, ни што претставува Вулин, ама тие како што мислат самите, мислат дека и сите други треба да мислат исто. Но јас сакав ова да го расчистиме во ТВ дебата – и прашањето за Вулин, и прашањето за Груевски, дали самиот го сретнал или како го сретнал, дали отишол фамилијарно таму, како избегал Груевски, зошто бил запрен автомобилот на г. Ахмети додека бил во Владата во полициската станица Карпош до рано наутро. Значи, тоа се теми што треба да ги отвориме и да ги разговараме пред јавноста, јавноста заслужува да ги знае овие работи и потоа да ја направи проценката – кој е со Груевски, кој е со Вучиќ, кој е со Вулин. Ние не ги преферираме овие теми бидејќи фокусот ни е на локалните избори, но кога ги отвораме, тогаш треба да ги отвориме до крај, да не останеме должни на јавноста.

Да не комплицирам, за Чаир мислам дека граѓаните знаат кој им треба, можеби кога ќе дојде време за амбасадор во ОБСЕ или некаде на друго место, ние ќе го предложиме Бујар.

Фронтлајн: Бидејќи ја отворивте оваа тема, за крај – се зборува за интервју организирано од кабинетот на ДУИ, односно групата Османи – Груби со Никола Груевски токму во времето кога зборувате дека се сретнале, за српското списание „Политико“, а потоа било дистрибуирано од ДУИ во јавноста. Дали имате информации за ова?

Изет Меџити: Тие имале повеќе средби, биле во постојана комуникација, владееле 11 години заедно, не се вознемириле ни кога се случија монтирани случаи како “Монструм“, случајот во Куманово и многу други случаи. Денес знаат да прават голема врева дури и кога три-четири хулигани некаде ќе ги навредат Албанците, го претвораат тоа како да се случило хистерија и трагедија, значи создаваат јавно мислење за кое во Албанија и Косово се создава впечаток како ние да не знаеме како преживуваме овде. А вакви случаи со хулигани во време на ДУИ кога јас бев таму се случуваа на неделно ниво, да не речам месечно ниво. Имаше и едно прашање што го поставив на парламентарните избори – зошто г. Ахмети, Груби, Османи на средба кај поранешниот Претседател на државата барале по секоја цена да го вратат Груевски во Македонија, да го вратат тука, да биде слободен и да биде активен во политиката – и за тоа немаше одговор.

Дестан Јонузи


Фронтлајн спроведува серија интервјуа со кандидатите за градоначалници во Скопје. Досега реализирани интервјуа:

Интервју со Бујар Османи: Или сме во ЕУ, или стануваме дел од српско-рускиот свет

Tags: ВЛЕНИзет МеџитиЛокални избори 2025Чаир
Next Post

Без струја делови од општините Карпош и Ѓорче Петров

НАЈНОВО

Цената на златото достигна 4.380 долари за унца, се очекува раст до 4.900 долари

October 31, 2025
Скриншот

Ураганот Мелиса однесе најмалку 50 животи во Јамајка, Хаити и Доминикана

October 31, 2025

Извозот на ЕУ расте на 139,4 милијарди евра, суфицитот опаѓа поради повисоки цени на увозот

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk