ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025 18:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ
Фото:МИА

Фото:МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Протестниот „Марш за ангелите“ денеска, кога навршија точно шест месеци од пожарот во „Пулс“,  беше дневен, за разлика од претходно кога започнувашево 18:05 часот и имаше скратена маршрута.  Родителите на починатите и нивните редовни поддржувачи ја прескокнаа општинскарта зграда и во 15:35 часот од „Паркот на Револуцијата“ се упатија директно пред судот и обвинителството, каде и се обратија на јавноста и институциите.

Родителите побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Ова не е само несреќа. Ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи. Оваа трагедија во Кочани не е само последица на една искра или  на невнимание. Таа е последица на системска слабост и неодговорност, порача Васка Лазарова, мајка на настраданиот фудбалер Андреј Лазаров.

Според неа и директната вина е кај сопствениците и организаторите кои отворија врати без дозволи,  без бедносни системи,  со единствен излез и двојно повеќе луѓе од дозволеното.

-Знаеме кој ги отворил вратите на клубот.  Знаеме кој земал пари и пуштил внатре луѓе два пати повеќе од дозволеното. Знаеме кој ставил пиротехника во затворен простор. Тие се директните виновници. Тоа е криминал со човечки животи, нагласи Лазарова.

Таа пред Судот праша каде биле институциите да реагираат на сето ова, упатувајќи обвинување кон оние што морале да го затворат „Пулс“ уште пред да биде отворен. Праша зошто сите што имаат надлежности, не постапиле.

–  Институциите не се независни тела – тие се дел од државата. Ако тие не ја завршила работата, тогаш и државата има одговорност. Затоа велиме, не е доволно да се казнат неколку менаџери. Потребно е да има одговорност и во институциите. Одговорност за оние што дозволиле клуб без дозвола да работи. Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, рече  Лазарова.

Учесниците во протестниот марш, од судот и обвинителството се упатија кон зградата на кочанската полициска станица и УЈП, по што се се заврши во „Паркот на Револуција“, каде за вчерва во 20 часот е закажан нов нивен собир насловен „Светлина за 62. Ангели“, мотивиран од навршувањето на шест месеци од трагедијата во клубот „Пулс“. Во 20:30 часот во воздух ќе бидат пуштени 62 балони, по што сите присутни со светлата од мобилните телефони ќе испратат светлина кон небото за 62. згаснати животи.

Tags: КочаниМарш за ангелите
Next Post
фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

EVN

НАЈНОВО

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk