ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Уште еден фемицид а институциите релативизираат: „Ниту една повеќе!” – протест во Скопје против насилството врз жените

September 18, 2025 21:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство врз жените се виновни. И полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите. Виновен е и образовниот систем, кој место да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија и да осудува родово базирано насилство, со својот пристап директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници.

Ова го изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, од каде вечерва почна протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) од Велес беше убиена од нејзиниот поранешен партнер  И.С (39) од Скопје, кого неколку пати го пријавувала за насилство. Организатор на протестот е Хелсиншкиот комитет за човекови права,

Според Димитрова, покрај страшната некоординарност и затајувањето на институциите надлежни за справување со насилството врз жените, кон фемицидите предизвикуваат и молкот, стигмата, срамот и немањето чувство за колективна одговорност. – Ова е заеднички проблем, затоа оваа смрт е резултат на институционална и социјална негрижа. Ова не е изолиран случај, туку резултат на секојдневие кое ги дехуминизира жените.  Изборот да му се верува на насилникот, место на жртвата директно придонесува на ескалација на насилство, рече Димитрова.

Росица, како што рече, немаше да биде убиена доколку се постапувало според професионални ингеренции и попишани протоколи. – Доколку криците за помош беа слушнати, а реакациите навремени и доколку сите претходни пријави против нејзиниот убиец од негови претходни жртви беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил некој по нив или се дозволило листата на жртви да расте?, изјави Димитрова. Посочи дека во изминатите пет години починале најмалку 20 жени како кулминација на повторени епизоди на родово базирано насилство.

Марта Стевковска од мрежата „Стела“ изјави дека бараат институционална одговорност и санкции, оставки на одговорни службени лица и покренување дисциплински постапки против полицајци, обвинители, судии и центри за социјална работа кои не постапиле по пријавите за насилство и закани во овој и слични случаи. Бараат формирање независна истрага за институционалните пропусти во случајот.

Учесниците извикуваа „Ниту една повеќе!“ и носеа транспренти на кои беше испишано „Од непостапување – до погребување“, „Направете специјална полициска единица која веднаш ќе реагира по пријава“, „Сите ние сме Росица“… Протестот заврши кај паркот „Жена борец“. 

Next Post

Два активни пожари во земјава, еден кај Виниче, еден на Кожуф

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk