ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Гаши по повод Меѓународниот ден на знаковниот јазик: Не е потребен глас кога срцата зборуваат на ист јазик

September 23, 2025 16:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на знаковниот јазик е повеќе од симболика, овој ден е потсетник за целото општество дека вклученоста, комуникацијата и почитувањето немаат бариери кога постои волја и љубов кон другиот, порача претседателот на Собранието Африм Гаши во своето обраќање по повод 23 Септември, Меѓународниот ден на знаковниот јазик.

Нагласи дека Собранието постојано се залага за вклучувањето и почитувањето на лицата со посебни потреби.

-Во таа насока, од 2023 година Собранието организира курсеви за учење на знаковен јазик за вработените и заинтересираните пратеници. Ова не претставува само технички чекор, туку и длабоко симболичен чин во обидот да се слушнат и оние кои зборуваат поинаку, но имаат исто толку многу да кажат. Покрај тоа, беа организирани и посебни активности за одбележување на овој ден, како знак на посветеноста за изградба на институција која е сè повеќе инклузивна и поблиску до секој граѓанин, без разлика, рече Гаши.

Како претседател на Собранието, додаде, мојот мандат го насочив кон неколку суштински цели, а меѓу најважните е изградбата на отворено, инклузивно Собрание, кое е дом на секој граѓанин.

-Залагањето за поддршка и вклучување на лицата со посебни потреби не е само институционална обврска, туку и лична вредност која ќе продолжам да ја следам со посветеност и сериозност. Затоа, не случајно сум денес тука. Вреди да се нагласи дека овде, во вашето училиште, го гледаме најдобриот пример за тоа како љубовта, посветеноста и образованието можат да изградат мостови кои ја надминуваат секоја пречка. Вие сте жив доказ дека силата на човекот не се мери со зборовите што тој ги изговара, туку со срцето и духот што ги вложува секој ден. Во овој контекст, сакам од срце да им честитам на сите педагози, ученици и секој поединец кој со срце придонесува за оваа благородна мисија, рече Гаши и посочи дека „не е потребен глас кога срцата зборуваат на ист јазик“.

Tags: Гашизнаковен јазик
Next Post

Предизборни набавки на нови униформи на МВР без двојазичност – отворена политичка и правна полемика

Shortcut

Најново

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk