ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Скопје – „Метропола“ на сметот!

September 25, 2025 15:09
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Неисчистен смет низ Скопје Фото: ЦИВИЛ

Неисчистен смет низ Скопје Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Денови наназад контејнерите низ главниот град не се празнат. Најфреквентните улици, но и населбите, се преполни со смет кој стои недопрен и се разлева околу контејнерите.  Градот мириса на стоен отпад, а граѓаните се соочуваат со неподносливи услови за живот.

Што се подразбира под „неподносливи услови за живот“? 

Доколку немате каде да го сместите сметот, од органски до неоргански, мора да се складира, односно да не се изнесува надвор од домовите, во малите канти за смет кое ги има во секое домаќинство најмалку по три. Кога сметот се собира внатре во домовите, се предизвикуваат сериозни здравствени и еколошки ризици.

Неподносливото трупање на отпадот во Скопје не е само естетски проблем. Стоената храна и сметот создаваат средина за бактерии и микроорганизми кои можат да предизвикаат стомачни инфекции, дијареа и други болести. Преполните контејнери привлекуваат инсекти и глодари што дополнително носат ризик од заразни болести, додека токсичните гасови од распаѓањето на отпадот ја загадуваат околината и влијаат на дишењето и здравјето на граѓаните. Десетдневното запоставување на собирањето на ѓубрето го претвора градот во сериозна здравствена закана.

Состојбата е очигледна – сметот не се собира ниту од големите контејнери во центарот, ниту од улиците во населбите. Наместо редовно чистење и хигиена, секој агол на Скопје е веќе претворен во потенцијална депонија.

Ваквата негрижа ја деградира секоја основна услуга што граѓаните ја плаќаат, а институциите очигледно не ја обезбедуваат. Веќе десетдневниот застој во собирањето на отпадот покажува колку системот е нефункционален и колку малку внимание се посветува на еден од најважните сегменти за здравјето и нормалното секојдневие. Додека надлежните молчат, граѓаните остануваат затрупани во сопствениот отпад.

Додека политичарите во своите говори често го нарекуваат Скопје „метропола“, сликите на преполни контејнери и смет расфрлан по улиците го покажуваат токму спротивното.

Град кој тоне во сопственото ѓубре не може да се претставува како модерен урбан центар, особено кога основните услови за чиста и здрава животна средина се целосно занемарени.

Скопје не смее да биде оставено да се дави во сопствениот отпад.  Десетдневното запоставување на собирањето на ѓубрето јасно покажува дека градот и неговите жители се занемарени, а последиците за здравјето и животната средина стануваат се поочигледни, институциите мора да преземат одговорност, додека граѓаните секојдневно плаќаат за нивната негрижа.

ЦИВИЛ ги потсетува и повикува граѓаните дека во секое време можат да испраќаат информации и видео/фото материјали за сите локални проблеми во нашата редакција.

Дијана Тахири / Цивил Медиа

Tags: контејнериСкопје
Next Post
Фото: Скриншот

Зеленски нема да се кандидира за реизбор по војната, ќе се залага за избори за време на потенцијалното примирје

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk