ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Министерот Љутков на „Мондиакулт“: Културните права и креативната економија се основа за инклузивен и одржлив развој

October 1, 2025 12:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамките на Светската конференција на УНЕСКО за културни политики и одржлив развој – Мондиакулт, што се одржува во Барселона, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, имаше свои обраќања на тематските сесии „Културни права“ и „Економија на културата“.

Во своето обраќање на тематската сесија „Културни права“, министерот Љутков нагласи дека културата не е привилегија, туку основно човеково право, загарантирано со Уставот на државата. Тој подвлече дека Македонија ја гради својата културна политика врз темелите на меѓународни документи, како Универзалната декларација за човекови права и Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разновидноста на културните изразувања.

– Во нашата земја, приоритет претставува поддршката на културното изразување на сите заедници. Дополнително, особено внимание посветуваме на обезбедување еднаков пристап до сите сегменти од културниот живот за младите, за жените и за лицата со попреченост, изјави Љутков.

Министерот се осврна и на значењето на меѓународната соработка преку партнерства со европските и со светските институции, програми за културна размена, реституција на културите добра и развој на дигитални платформи кои овозможуваат културна достапност за сите.

– Веруваме дека глобалниот дијалог е клучен чекор кон поинклузивна и просперитетна култура, потенцираше тој.

Во рамките на сесијата посветена на креативната економија, министерот Љутков ја претстави стратегиската определба на Министерството за култура и туризам за поддршка и развој на културните и креативните индустрии и нивно позиционирање на меѓународната сцена.

– Нашата визија е Македонија да стане регионален центар за културна и креативна економија, земја која ги чува своите вредности, но е отворена кон светот, истакна Љутков.

Тој информираше дека Министерството за култура и туризам веќе спроведе пилот-истражување за индустријата на видеоигри и започнати се активности за мапирање на целиот сектор на креативни индустрии. Овие иницијативи ќе овозможат да се креира рамка за нивен стратегиски развој и да се отворат нови квалификации и вештини во образовниот систем.

На крајот од обраќањето, министерот Љутков подвлече дека нашата земја чекори кон иднина каде што културата и креативната економија ќе бидат двигатели на одржлив развој.

Со учеството на „Мондиакулт“, Македонија како членка на УНЕСКО го зацврсти своето место во меѓународниот културен дијалог и уште еднаш ја потврди заложбата за  градење политики за одржлив развој. Следната Светска конференција ќе се одржи во 2029 година во Ријад, Саудиска Арабија.

Tags: Зоран ЉутковМондиакулт
Next Post

Обилен дожд и снежна покривка на планините до крајот на неделата

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk