ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

October 1, 2025 11:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: Генерирано со ВИ

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Според анкетите и партиските извори, кандидатите на Националната Алијанса за Интеграција убедливо водат во Тетово, Гостивар и Чаир. Лимани и Османи се очекува да победат уште во првиот круг, додека Реџепи ќе ја консолидира победата во вториот.

Локалните избори на 19 октомври се сметаат за клучни за Националната Алијанса за Интеграција (НАИ), која според мерењата на јавното мислење и партиските извори влегува во трката со значителна предност во повеќе клучни општини со албанско население.

Тројцата кандидати – Бајрам Реџепи во Тетово, Валбон Лимани во Гостивар и Бујар Османи во Чаир – се гледаат како недвосмислени фаворити во однос на нивните противници. Внатрепартиски извори за Фронтлајн нагласуваат дека разликата е толку голема, што во три случаи се предвидува победа уште во првиот круг.

„Во Гостивар, Чаир и Врапчиште трката практично е завршена. Разликата е над десетина процентни. Лимани и Османи лесно го поминуваат прагот од 50% + 1,“ – изјави за Фронтлајм партиски извор од коалицијата НАИ.

Гостивар и Чаир – сигурни победи во првиот круг

Во Гостивар, Валбон Лимани води интензивна кампања насочена кон блискоста со граѓаните и нивните секојдневни проблеми. Според внатрешни анкети, тој има предност од повеќе од 15 проценти во однос на сите други негови против кандидати.

Во Чаир, Бујар Османи се гледа како најконсолидирана фигура. Со долгогодишно политичко искуство и силен јавен профил, тој стекна доверба кај мнозинството гласачи. Извор блиску до агенциите за мерење на јавното мислење нагласува:

„Османи веќе ја има добиено трката. Разликата е ненадминлива за неговите противници.“

Тетово – трка што оди во втор круг

Ситуацијата во Тетово е покомплицирана. Бајрам Реџепи има јасна предност, но поради фрагментираноста на електоратот е невозможно да победи уште во првиот круг. Сепак, анкетите го даваат како победник во вториот круг.

– Реџепи е кандидатот со најмногу гласови во првиот круг. Во вториот, се очекува голем дел од расфрланиот електорат да се насочи кон него, што ја прави победата сигурна, – вели независен политички аналитичар од Тетово.

Слабости на противниците

Противкандидатите како Билал Касами и Изет Меџити влегоа во трката со големи амбиции, но нивните кампањи се соочија со фрагментираност и недостиг на кохезија. Голем дел од опозициските гласачи остануваат поделени, што оди во корист на кандидатите на НАИ кои имаат поконсолидирана база и посилна организација на терен.

Што се очекува на 19 октомври

И покрај големата предност во анкетите, конечниот резултат ќе зависи од мобилизацијата на гласачите на изборниот ден. Потенцијални инциденти, префрлањето на гласовите од кандидатите на третите партии или ненадејни развои во кампањата остануваат непредвидливи фактори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНДУИЛокални избори 2025НАИ
Next Post

Турција го продолжува породилното отсуство на 24 недели

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со д-р Благица Петрески: Буџетот за 2026 година е изграден врз нереално високи проекции на приходи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk