ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025 17:13
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити во соработка со светски познатиот архитект, Бајрам Вардар, денес го претставија Мастер планот за Чаир, стратешки документ кој има за цел трансформација на општината во модел на одржлив развој, со модерна инфраструктура, урбано зеленило, културни простори и нови образовни и младински центри, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначалник на Чаир Изет Меџити.

Мастер планот е резултат на работењето на широк тим експерти од Турција и Северна Македонија, под водство на архитектот Бајрам Вардар, урбанист со потекло од Скопје, кој изгради успешна кариера во Турција и беше дел од тесниот тим на претседателот Реџеп Таип Ердоган за време на неговиот мандат како градоначалник на Истанбул. Во тимот учествуваа и познатите експерти Надир Доган и д-р Мустафа Тутар, заедно со локални специјалисти кои обезбедија прилагодување на планот кон реалните потреби на Чаир.

Мастер планот се темели на седум клучни столбови на развој:

Транспорт и сообраќај
Заштита на културното наследство
Туризам и економија
Образование
Култура и уметност
Рекреација и спорт
Урбана трансформација

Фокусот на планот се конкретни решенија за олеснување на сообраќајот и модернизација на инфраструктурата. Визијата предвидува изградба на
булеварот “Хрватска” и “Црна Гора”, што ќе овозможи движење од Автокоманда кон Сарај без да се минува низ Чаир. Исто така, предвидено е
проширување на булеварите “Митат Фрашери”, “Џон Кенеди” и “Цветан Димов”, како и оптимизација на клучните сообраќајни точки за зголемување на протокот. Еден од најзначајните проекти е изградбата на кружниот тек
околу парк-шума Гази Баба.

Друг клучен елемент е ревитализацијата на Стариот Чаир, со конкретни мерки за зголемување на бројот на туристи, развој на економијата и
културниот живот, со трансформација на традиционалните ханови во функционални центри и епицентри на урбани активности.

Проектот предвидува и создавање на 5000 нови паркинг места, вклучувајќи механички паркинзи, како и изградба на нови младински центри, реновирање на постоечките училишта и креирање на модерен кампус за Универзитетот
“Мајка Тереза”.

Посебно внимание во Мастер планот е посветено на проектот „Модерна Топхана“, кој има за цел трансформација на населбата Топхана во иконичен и атрактивен простор за Скопје, со спојување на траги од верски, културни и историски вредности со современ архитектонски јазик, во
согласност со стандардите на Европската Унија.

На настанот за презентација на Мастер планот присуствуваа граѓани, архитекти, урбанисти, претставници на медиуми и јавни личности, кои ја
поздравија оваа иницијатива како голем чекор кон трансформација на Чаир во европска општина со силен урбан и културен идентитет.

Tags: ВардарМеџитиЧаир
Next Post
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

EVN

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

January 27, 2026

(ВИДЕО) Џим Кертис откри како започнала врската со Џенифер Анистон

January 27, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk