ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Светските лидери го поздравија прекинот на огнот и ослободувањето на заложниците

October 9, 2025 09:02
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон ставање крај на двегодишната војна во Газа“.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја поздрави објавата за договорот со кој се предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и овозможување на хуманитарна помош за Газа.

– Ги повикувам сите страни целосно да го почитуваат договорот. Борбите мора еднаш засекогаш да престанат, а страдањето на цивилите мора да заврши, изјави Гутереш, додавајќи дека ОН ќе помогнат во спроведувањето и обновата на Газа.

Британскиот премиер Кир Стармер оцени дека договорот претставува „момент на длабоко олеснување“ и повика на итно укинување на ограничувањата за хуманитарна помош.

– Ова е првиот чекор кон праведен и траен мир, рече Стармер, изразувајќи благодарност до Египет, Катар, Турција и САД за нивните дипломатски напори.

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи го нарече договорот историски и најави дека ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир.

Канадскиот премиер Марк Карни изрази надеж дека заложниците наскоро ќе бидат ослободени, додека владата на Нов Зеланд оцени дека ова е „позитивен прв чекор кон завршување на страдањата“.

Јапонскиот министер Јошимаса Хајаши го нарече договорот „голем чекор“ кон решението за две држави, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок истакна дека договорот носи „зрак надеж по повеќе од 700 дена смрт и уништување.“

Во Тел Авив, семејствата на заложниците и нивните поддржувачи ја слават веста за договорот, извикувајќи „Нобелова награда за Трамп!“

Во интервју за Фокс Њуз, Трамп изјави дека Хамас „веројатно“ ќе почне со ослободување на заложниците в понеделник.

– Ова е повеќе од Газа — ова е чекор кон мир на Блискиот Исток, рече тој.

Според соопштението на катарското Министерство за надворешни работи, Израел и Хамас постигнале договор за механизмите за спроведување на првата фаза од мировниот план, која вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници, и влез на хуманитарна помош.

Во наредните денови, Хамас треба да ги ослободи сите 20 живи заложници во замена за палестински затвореници, додека израелската војска ќе почне со повлекување од поголемиот дел од Газа.

Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху порача дека „со Божја помош, сите заложници ќе бидат вратени дома“.

Tags: заложницитепрекинот на огнотСветските лидери
Next Post

Европратениците ќе гласаат по двете иницијативи за недоверба на Европската комисија

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk