ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ивановски: Започнуваме проект за целосна реконструкција на Железничката станица во Скопје

October 14, 2025 13:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Фото: Maria Lupan on Unsplash

Фото: Maria Lupan on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Во заедничка соработка меѓу Железници Инфраструктура, Архитектонскиот факултет и Градежниот факултет ќе се започне со проектирање за целосна реконструкција на Меѓународната железничка станица Скопје. Ова денеска го најавија директорот на ЈП Македонски железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Анета Христова Поповска.

Како што истакна директорот Ивановски, железничката станица ќе добие нов современ и модерен лик, а дополнително во соработка со факултетите ќе се работи и на неколку други проекти во Железницата.

“Денеска ја официјализираме соработка меѓу Железници Инфраструктура,  Архитектонскиот факултет и Градежниот факултет за неколку важни проекти и тоа:  Проектирање за санација нa мост на Црна река, мост кој е во крајна сериознa состојба, еднаш се сруши во 2020 години што значи застој за железничкиот сообраќај. Потоа проект за санација на неколку свлечишта низ државата кои се проблем за железничкиот сообраќај, проектирање за ремонт на пругата Зелениково-Велес за што има огромен број на критики за бавно возење меѓу 10, 20 и 30 км на час и започнување на проектирање за целосна реконструкција на Железничката станица Скопје. Заедно со Архитектонскиот и Градежниот факултет ќе се направи Основен проект за целосна реконструкција со посебен акцент на зачувување на основиот изглед направена по проектот на Кензо Танге, но притоа со нови современи и модерни елементи во архитектурата” – изјави Синиша Ивановски, директор на ЈП Македонски железници Инфраструктура.

Како што потенцира Ивановски, новата железничка станица заедно со брзата пруга и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје, треба да се изградат заедно и да бидат пуштени заедно во употреба.

“ Тоа што сега ќе го направиме треба да трае во наредните 50 до 100 години и нема да брзаме со проектирање. Ни треба минимум еден година која треба да добиме проект со фази. Целосно реконструирана железничка станица, пруга од железничка станица до аеродром Петровец и во исто време брза железничка пруга на коридор 10, овие трите работи е добро да се случат во исто време. Финансирањето може да биде од државниот буџет, од заеми од ЕБРД или ЕИБ,  но не ја исклучувам можноста оваа железничка станица да влезе во стратешкото партнерство со Велика Британија”- истакна Ивановски.

Деканите на Архитектонскиот и Градежниот факултет најавија амбицизни архитектонски и градежни решенија за нова современ и модерна станица и железничка линија на коридор 10.

“ Транспортниот центар е овој џин кој со години трофира и станува дисфункционален и не ја исполнува својата задача. Со сите зафати и реконструкции што ќе ги предложиме, а кои ќе се однесуваат на оригиналната состојба на објектот, со сета почит кон големиот проектант Кензо Танге, ќе придонесат за надградба на одредени содржини кои овој објект ќе го направат социјален хаб, ќе преставува додадена вредност за она што претставуваат железничките станици. Тој приклучок со брзата железница е извонредна работа, тоа го очекуваме со години и им го должиме на генерациите после нас, изјави  деканот на Архитектонски факултет, проф. д-р Анета Христова Поповска.

“  Наша задача е да наравиме целосна реконструкција и рехабилитација со елементи од железницата каде се јавуваат проблеми,  од санирaње на мостовски контрукции, санaција на свлечишта, потпoрни зидови итн. Самите колотрази ќе бидат исто така опфатени.  Со овој проект ќе ги обезбедиме сите услови и стандарди кои важат во сите западноевропски држави. Учеството на Градежниот факултет е залог и гарант за квалитетот на извршените работи”- истакна деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Јосиф Јосифовски.

 

Tags: Железничка станица СкопјеИвановскипроектреконструкција
Next Post
Amorim

Мировен договор

Shortcut

Најново

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk