ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од локални до национални: Зошто изборите во општините со мнозинство албански гласачи се клучни?

October 15, 2025 11:35
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Аналитичарите Дритон Зенку и Урим Салиу во изјава за Фронтлајн велат дека во Чаир и Тетово се очекуваат изненадувања, а резултатите ќе ја одредат иднината на коалициите и самата политичка сцена

Неделните локални избори во општините со мнозинско албанско население – Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Тетово, Липково, Сарај, Арачиново и Студеничани – според политичките аналитичари, ќе имаат значење што далеку ги надминува рамките на локалната власт.

Политичкиот аналитичар Дритон Зенку во изјава за Фронтлајн оценува дека „оние што некогаш посегнале по џебот на граѓаните – преку даноци, такси или јавни сметки – но и по јавниот имот, никогаш не добиле втор мандат“. Според него, тоа е „проверен знак во три децении на локална власт“.

 – Врз основа на овој факт, сметам дека Тетово и Чаир ќе донесат изненадувања, додава Зенку.

Тој прогнозира дека во Гостивар ситуацијата е „кристално јасна“, бидејќи двете партии што традиционално имаат база од 18 до 20 илјади гласови – ДУИ и Алијансата за Албанците – овојпат настапуваат заедно.

– Надвор од таа квота остануваат околу 2.500 до 3.500 албански гласови за кои се натпреваруваат други двајца кандидати. Затоа во Гостивар, но и во Дебар, процесот најверојатно ќе се затвори уште во првиот круг, нагласува тој.

Во Струга и Кичево, пак, според Зенку, се очекува втор круг, додека во руралните општини изборниот процес би можел да заврши во првиот круг ако се постигне цензусот.

– Како политички блок, Алијансата за Национална Интеграција влегува како фаворит во овој изборен процес – така покажуваат најверодостојните анкети, заклучува Зенку, додавајќи дека не очекува радикализација или инциденти, освен евентуално во една општина во скопскиот регион.

Политичкиот аналитичар Урим Салиу, пак, оценува дека неделата ќе донесе политички епилог многу подлабок од обична трка за локална власт.

– Овие избори во Гостивар, Чаир, Струга, Дебар, Тетово, Липково, Харачина, Сарај и Студеничан добија национална димензија, затоа што нивниот исход ќе го определи судбината на коалициите и самата албанска политичка сцена во државата, изјави Салиу за Фронтлајн.

Тој потсетува дека изборната кампања оваа година била „оптоварена со меѓусебни обвинувања и вербални судири со непозната досега жестина“, но со еден заеднички именител: која политичка сила ќе преживее, а која ќе се распадне по 20 октомври.

– Секој слаб резултат, било на власта или на опозицијата, може да предизвика распад на постојните коалиции и отворање пат за нови политички прегрупирања, оценува Салиу.

Тој додава дека во неколку општини во трката се фигури со висока политичка тежина – личности кои се симнаа од највисоки државни позиции за да се тестираат на терен.

– Случајот на Чаир е најилустративен – таму поразот нема да биде само локален, туку и политички крај за поединци што до вчера беа во врвот на државата, потенцира тој.

„Овие избори се од исклучителна важност и за опозицискиот блок, особено за коалицијата Алијанса за Национална Интеграција. Победа во неколку клучни општини може целосно да го промени политичкиот баланс во земјата и да создаде притисок за предвремени парламентарни избори, иако власта го избегнува тоа сценарио,“ заклучува Салиу.

Неделата нема да донесе само нови градоначалници –  ќе ја дефинира новата карта на албанските политички сили во Северна Македонија, а можеби и предвремени парламентарни избори на почетокот на наредната година.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: албански блокВЛЕНДУИЛоклани избори
Next Post
Скриншот

Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

НАЈНОВО

Промоција на две книги поезија од Тихомир Јанчовски

October 15, 2025
Фото: Националната опера и балет

Се воспоставува наградата „Роксан Стојанов“ за млади балетски уметници

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Chesen Socijaldemokrat Фејсбук

    Бранко Црвенковски во Охрид го потврди бегството во спротивниот табор – во друшво со Пецаков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската армија започна масовен напад врз Суми, прекинато снабдувањето со вода и струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рафах останува затворен и покрај најавите за отворање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се подобрува ли здравствената состојба на Михаил Шумахер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk