ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Отворен повик за драмски автори за „Драмолетање“ 2.0

October 17, 2025 15:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп објавува отворен повик за учество на второто издание на пичинг-форумот „Драмолетање“, кое ќе се одржи за време на 60. издание на фестивалот во јуни 2026.

По успешното прво издание на форумот „Драмолетање“, кое овозможи простор за афирмација на нови автори и современи драмски текстови, продолжуваме со нов циклус посветен на развивање на македонската современа драма и поврзување на авторите со театарските институции и продукции.

„Драмолетање“ претставува платформа посветена на откривање и поддршка на нови драмски гласови, развивање и презентација на оригинални драмски текстови, поттикнување креативен дијалог меѓу авторите, режисерите и театарските професионалци, како и создавање можности за сценска реализација на нови македонски драми.

На повикот може да се пријават драмски автор(к)и – државјани на Република Северна Македонија со оригинални и неизведени драмски текстови.

Секој автор може да пријави еден драмски текст.
Пријавите треба да содржат:
Кратка биографија на авторот (до 150 збора);
Контакт-информации (телефон, е-пошта);
Краток синопсис/резиме на драмата (до 1 страница);
Целосниот драмски текст;
Мотивациско писмо (до 1 страница).

Пријавите се испраќаат на e-пошта: dramoletanje@mtf.com.mk, со назнака во Subject: „Пријава за Драмолетање 2.0 – [име и презиме на авторот и наслов на драмата]“.

Рокот за пријавување е до 1 март 2026 година. Резултатите од повикот ќе бидат објавени на www.mtf.com.mk најдоцна до 15 мај 2026 година.

Пичинг-форумот ќе се одржи за време на МТФ „Војдан Чернодрински“ (13-14.6.2026). Апликациите ќе бидат оценети од страна на стручна комисија која ќе одбере драми врз основа на нивната оригиналност, релевантност и продукциски потенцијал. Избраните автори ќе имаат можност да учествуваат во менторска подготовка за својата презентација, да ги претстават своите драми пред стручна публика, режисери, драматурзи и продуценти, како и да воспостават контакти за понатамошна продукциска реализација.

По форумот, дел од избраните драми ќе бидат објавени во второто издание на книгата „Драмолетање“ во издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ со цел да се обезбеди видливост и поддршка на современата македонска драма.

Како резултат на „Драмолетање 1.0“, неодамна издадена е и книга во која се поместени четири драми избрани на првото издание на „Драмолетање“. Изданието е достапно електронски на www.mtf.com.mk.

„Оваа иницијатива е повеќе од обичен повик за текстови – таа е поттик за создавање и можност за вмрежување. Ако драмскиот текст е основата врз која се градат моќни претстави, тогаш „Драмолетање“ е лет што треба да го врати македонскиот драмски автор на заслуженото место – на македонската театарска сцена“, истакнуваат од МТФ „Војдан Чернодрински“.

За сите прашања и дополнителни информации, обратете се на: dramoletanje@mtf.com.mk.

 

Tags: ДрамолетањеМТФ „Војдан Чернодрински”
Next Post

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk