ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025 18:15
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На втората онлајн прес конференција што траеше 45 минути вклучи презентации на најновите наоди на изборниот мониторинг на македонски и албански, како и разговор на неколку теми поврзани со изборните нерегуларности.

Од теренот пристигна веста дека е приведена една повозрасна граѓанка, поради фотографирање на гласачкото ливче. Инцидентот се случил на ИM 2966 во ОУ. „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, околу 14:40 часот.

Нарушување на тајноста на гласањето

Нарушување на тајноста на гласањето со тоа што член на избирачкиот одбор на глас ги кажува имињата на гласачите, се бележи во ИМ 1201, с. Саждево, Крушево, иако и претходно ОИК дал соодветни насоки за ова прашање.

На ИМ 1070, во Школска амбуланта, Куманово – параванот за лица со посебни потреби ставен во близина на влезната врата во избирачкото место, што ако некој стои до вратата може да види што заокружва гласачот.

Понатаму, просторните услови на ИМ 1203, с. Борино, Крушево, според извештајот на набљудувачот на ЦИВИЛ не се соодветни. Поточно, параваните за гласање се блиску и не обезбедуваат тајност на гласањето.

Притисоци и кршење на изборниот молк

Во две локации во Центар, во близина на Собранието и кај „Млин Балкан“, има пропаганден материјал за еден кандидат за градоначалник, кој е расфрлен во текот на саботата, што претставува кршење на изборниот молк.

Во ИМ 2813, во ОУ „Димитар Миладинов“, во Центар, набљудувач од една политичка партија запишувал податоци во партиско тефтерче означено со логото на партијата.

Според извори на ЦИВИЛ од теренот, во с. Јакреново, Крушево, во текот на изминатите денови имало многу посети од проминентни ликови на една партија, што жителите на ова место го пријавуваат како голем притисок.

На ИМ 2961, во ОУ „26 Јули“, Шуто Оризари, била повикана полиција поради нарушување на процесот за гласање. Прекинот траел 10 минути поради тоа што во моментот на гласање на неписмен човек, придружувачот гласно агитирал кој број да се заокружи.

Изборниот молк го прекрши и еден интернет портал кој објавил гласачко ливче со заокружен кандидат.

Починати лица во Избирачкиот список 

За починати лица во Избирачкиот список доаѓаат извештаи речиси од сите општини.

Еден доверлив извор на ЦИВИЛ пријави дека едно избирачко место (2479) во Гази Баба со 399 гласачи, дури 20 лица се починати, што е 5% од сите гласачи во тоа избирачко место.

Во ИМ 1924, ОУ. Истикбал Тетово, членови од изборна комисија коментирале дека во Изборните Списоци  се уште фигурираат починати лица, што беше случај и во првиот изборен круг.

Непрописно работење на изборната администрација

Претставниците на ЦИВИЛ ги пофалија избирачките одбори за тоа дека, за разлика од првиот круг, забележани се далеку помалку случаи на попречување на работата на набљудувачите, но не се целосно исклучени.

Така, на ИМ 2688, ОУ „Љубен Лапе“, Аеродром, член на избирачкиот одбор го запишал матичниот број и го сликал овластувањето на набљудувачот на ЦИВИЛ. Кога тој им кажал дека тоа не треба да го прават, членовите на избирачкиот одбор му одговориле тие добро знаат што треба да запишат.

Непристапни избирачки места

Има повеќе пријави за непристапност на избирачките места. На ИМ 1054, во Дом на култура „Трајко Прокопиев“  и 1044 во О.У. „Крсте Мисирков“, нема лесен пристап до паравани за лица со посебни потреби.

На ИМ 2839, Работнички универзитет Кочо Рацин, Центар, Скопје, граѓанка со инвалидитет не може да го оствари своето избирачкото право поради непристапност на избирачкото место кое се наоѓа на горниот кат, до кое водат само скали, нема лифт за лица со попреченост.

Проблеми со фингерпринт апарати се бележат на повеќе места низ земјата, иако помалку отколку во првиот изборен круг.

Позитивни примери за надминување на техничките проблеми со фингерпринт апаратите

Во Крушево, на ИМ 1187/1, во ЦОУ „Никола Карев“ еден гласач кој го имало на избирачки список не можел да биде регистриран, иако имало неколку обиди. На ИМ дојде претседателката на ОИК и по сугестија направена е успешна проверка со средниот прст на гласачот, по што на гласачот му било овозможено да гласа.

На ИМ 2758, Детска градинка „Срничка“ – објект Бамби, Аеродром, има кратки застои бидејќи има проблеми со апаратите за отпечатоци од прсти, но сепак за кратко истите се решаваат и успешно се гласа. Исто така и на ова ИМ, нема нагласено постапки (постери) за гласање.

Други, помали неправилности

Пријавени се неколку помали неправилности, претежно од технички и административен карактер во општина Аеродром. Меѓу другото, во Аеродром, на ИМ 2673, во ОУ „Браќа Миладиновци“, параванот наменет за гласање за инвалидизирани лица не е ставен во функција, односно во училницата е, но е собран и тргнат настрана.


Преземено: Цивил Медиа

Next Post

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk