ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025 09:55
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото илустрација: EWB

Фото илустрација: EWB

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија бара уставни измени и вистинска политичка волја, предупредувајќи на застој во реформите, корупција и политизација на институциите.

Европската комисија денеска ќе го претстави редовниот годишен пакет на извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската унија за 2025 година.

Во делот за Северна Македонија, Брисел констатира дека земјата сè уште не ги усвоила потребните уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот – обврска преземена со Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Според извештајот, Скопје се има обврзано да го започне и заврши процесот, но конкретен напредок сè уште нема.

Во документот се нотира дека властите „продолжиле да работат на патоказите за владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на акцискиот план за заштита на малцинствата“.

Сепак, Европската комисија укажува дека Северна Македонија треба да ги засили напорите во областа на владеењето на правото, со особен акцент на независноста и интегритетот на судството, како и на борбата против корупцијата.

Според информации на Фронтлајн од дипломатски извори во Брисел, во извештајот ќе биде потенцирано дека земјата треба да покаже реални резултати во клучните реформи, и имплементирање на уставните измени, доколку сака да го забрза отворањето на поглавјата во рамките на кластерите „Основи“ и „Добро владеење“.

Последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2024 година е најкритичкиот документ од Брисел во последната деценија. Иако земјата формално го задржува европскиот курс, реалноста е поинаква: реформите се бавни, институциите се политизирани, а борбата против корупцијата – декларативна.

Комисијата без дипломатски украси порача дека „реформите се во застој и политичката поларизација ја блокира европската агенда“, предупредувајќи дека без јасни резултати Северна Македонија ризикува да стане хроничен кандидат без преговори.

Уставните измени – најголемата кочница за европскиот пат

Најострата забелешка се однесува на неуспехот на политичките партии да ги усвојат уставните измени со кои треба да се вклучат Бугарите и другите заедници во Преамбулата. Според Европската комисија, тоа е клучен предуслов за отворање на првиот кластер во преговорите.

„Без усвојување на уставните измени, земјата не може да напредува во процесот на пристапување,“ стои во извештајот. Потребни се трајни и одлучни чекори за надминување на политичките поделби и обезбедување консензус.“

Брисел практично ја сместува темата за уставните измени во ист ранг со владеењето на правото и борбата против корупцијата – како прашање што го определува европскиот кредибилитет на државата.

Судството и корупцијата – области со алармантен застој

Во делот за судството, Европската комисија констатира дека „нема напредок во зајакнувањето на судската независност“, а најавите на новата влада дека ќе ги распушти Судскиот и Обвинителскиот совет се оценети како „сериозна загриженост која би ја поткопала независноста на правосудството“.

Во делот за корупцијата, дијагнозата е уште поцрна: „корупцијата останува распространета и сериозен проблем во многу области“.

Поларизирано Собрание и нефункционална администрација

Собранието, според Брисел, „го извршува својот мандат на задоволително ниво, но политичката поларизација го забавува усвојувањето на клучните реформи“. Прекумерната употреба на скратени процедури и на т.н. „европско знаменце“ за закони кои немаат врска со европското усогласување ја поткопува транспарентноста.

Во однос на јавната администрација, Северна Македонија останува „умерено подготвена“ со ограничен напредок.

„Политизацијата на јавната служба ја поткопува мерит-системската регрутација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите,“ наведува Комисијата.

Брисел бара итно усвојување на новите закони за административни службеници и јавни вработени, подобра дигитализација и департизација на институциите.

Економија без реформска дисциплина

Иако земјата има „добро ниво на подготвеност“ за пазарна економија, Европската комисија забележува дека високата неформална економија, слабиот раст и ниската продуктивност се директна последица на слабите институции и на непредвидливиот правен систем.

„Потребни се подобри јавни финансиски контроли, вистинска транспарентност и имплементација на законот за буџет,“ се наведува во делот за финансиска дисциплина.

Комисијата ја пофали усогласеноста на земјата со надворешната политика на ЕУ и поддршката за Украина, но предупреди дека „домашната политичка стабилност и владеењето на правото се клучни за довербата на инвеститорите“.

Брисел: Политичка волја постои само на хартија

Во генералниот заклучок, Европската комисија оценува дека Северна Македонија има функционални институции, но дека „политичката волја често останува само декларативна“.

„Трајниот застој во клучните реформи не е прашање на технички капацитет, туку на политичка одлука,“ стои во извештајот.

Комисијата повикува на поголема кохезија меѓу власта и опозицијата, со предупредување дека „времето за изговори истече“.

Ибраими: Национализмот ја оддалечува Македонија од ЕУ

„ЕУ постојано ѝ ги повторува истите услови на Македонија, но резултатите остануваат минимални,“ вели за „Фронтлајн“, Селим Ибраими од Институтот за студии за безбедност и развој (ISSD – Македонија)

Тој потсетува дека веќе петнаесет години европските извештаи ја имаат истата структура и речиси идентични забелешки:

„Во последните години, независноста на судството и уставните измени никако не наоѓаат конкретен одговор и акција од владите во Скопје, па ни од актуелната влада, која изгледа дека ќе треба повеќе време за да се убеди дека без исполнување на барањата на ЕУ ќе биде тешко да се добијат европските фондови и да започнат преговорите,“ истакнува Ибраими.

Според него, во Скопје постои волја само на зборови, но многу малку дела кога станува збор за спроведување на препораките од Брисел или Вашингтон.

„Со зајакнување на национализмот, ќе биде сè потешко меѓудржавните прашања, особено историските, да најдат решение. Ако Македонија размислува само за европските пари, а не за реформите, тогаш ЕУ ќе остане далечна цел,“ предупредува тој.

Ибраими смета дека 2026 година би можела да донесе пресврт само ако Владата конечно преземе конкретни чекори во насока на интеграциите.

„Ако не, Македонија ќе остане назад – со внатрешни кризи и проблеми со соседите. Во моментов нема сила што ја принудува Скопје да се ослободи од сегашниот начин на размислување,“ додава аналитичарот, заклучувајќи: „Да се надеваме дека актуелната политика ќе се помести кон ЕУ и ќе има повеќе конкретни чекори.“

Извештајот на Европската комисија за 2024 година не е само техничка проценка, туку политички аларм. Тој ја отсликува состојбата на држава која зборува за Европа, но ретко делува европски. Без уставни измени, департизација и вистинска борба против корупцијата, Македонија ќе остане таму каде што е веќе предолго – на чекалницата на ЕУ, со билет без датум за полетување.

Дестан Јонузи

Tags: БриселЕУИзвештај на Европската комисијауставни измени
Next Post
Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

НАЈНОВО

Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025
Фото: МИА

Гаши: Предлог – буџетот за 2026 година на пленарна седница на 9 декември

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk