ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фон дер Лајен: ЕК е попосветена од кога било да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност

November 4, 2025 13:57
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија е попосветена од кога било досега за да го претвори проширувањето на ЕУ во реалност, бидејќи поголема Унија значи посилна и повлијателна Европа на глобалната сцена, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по повод објавувањето на годишниот Пакет за проширување, кои ги содржи извештаите за напредокот на земјите кандидати за членство на нивниот патк кон ЕУ.

– Но, проширувањето мора и ќе остане процес базиран на заслуги. Нашиот пакет дава конкретни препораки за сите наши партнери и на сите нив им велиме: Пристапувањето кон ЕУ е единствена понуда. Ветување за мир, просперитет и солидарност. Со вистински реформи и силна политичка волја, сите вие можете да ја искористите оваа можност, истакна Фон дер Лајен.

По повод објавувањето на извештаите, Европската комисија порача дека доследноста и следењето на пристапот базиран на заслуги е клучно за успешно пристапување кон ЕУ и дека овогодинешниот пакет потврдува дека моментумот за проширување е високо како приоритет на агенда на ЕУ.

ЕК потенцира дека потврдува оти пристапувањето на нови земји членки е се повеќе достапно, а извештаите претставуваат сеопфатна оценка на напредокот постигнат од партнерите за проширување во текот на изминатите 12 месеци.

– Црна Гора, Албанија, Украина, Република Молдавија, Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција и Грузија ги продолжуваат своите соодветни патишта кон ЕУ. Темпото на нивните реформи, особено во областите на демократијата, владеењето на правото и основните права, директно влијае на брзината на пристапувањето, се наведува во соопштението.

Според ЕК, напредокот што ќе го постигнат земјите кои се стремат кон членство, им користи ним, но и на и на сегашните членки на ЕУ, поттикнувајќи просперитет, демократија, безбедност и стабилност, а воедно отворајќи нови можности за граѓаните и бизнисите, како што се стратешките инвестиции и ширење на Единствениот пазар.

Во соопштението се нагласува дека оценките изнесени во извештаите, придружени со препораки и упатства за реформските приоритети, обезбедуваат патокази за партнерите за проширување кон членство во ЕУ.

– Комисијата останува целосно посветена на поддршката на идните земји членки на овој пат. Постепената интеграција на земјите аспирантки во Единствениот пазар ги зајакнува врските со Унијата уште пред нивното пристапување. Во текот на изминатата година е постигнат значителен напредок. Со проширувањето како јасна политичка цел во овој мандат, Комисијата е посветена да обезбеди и подготвеност на земјите аспирантки, како и подготвеност на ЕУ да ги прими. За таа цел, наскоро ќе биде презентиран Извештај за длабински прегледи на политиките и реформите, посочи ЕК.

Во соопштението се нагласува дека за да се осигури дека новите земји членки ќе продолжат да ги штитат и одржуваат своите резултати во однос на владеењето на правото, демократијата и основните права, идните договори за пристапување треба да содржат посилни заштитни мерки против отстапување од обврските преземени за време на преговорите за пристапување.

– Ефективната комуникација, како и борбата против манипулацијата и мешањето со странски информации, вклучително и дезинформациите, е стратешки императив. Комисијата, исто така, е подготвена да ги поддржи напорите на земјите членки за понатамошно зацврстување на јавната доверба во процесот и да помогне проширувањето да се движи напред со легитимитетот што му е потребен, се додава во соопштението.

Tags: ЕКЕУУрсула фон дер Лајен
Next Post
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk