ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата во тишина, европските фондови во блокада – ИПАРД 3 заглавен, земјоделците казнети

November 11, 2025 13:03
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Блокадата на исплатите од европската програма ИПАРД 3, вредна 128 милиони евра, го потресе македонското земјоделство и повторно ја отвори темата за корупцијата и слабите контролни механизми во институциите.

Иако Владата инсистира дека станува збор за времен прекин со цел ревизија и заштита на легалноста на исплатите, дел од поранешните функционери и опозицијата предупредуваат дека суштината е суспензија која може да ги загрози илјадниците тековни и идни проекти во земјоделскиот сектор.

Одлука со двојно толкување

Министерството за финансии соопшти дека Македонија, преку националните структури за управување со европските фондови, донела одлука за времен прекин на исплатите од ИПАРД програмата, откако беа откриени злоупотреби во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

„Целта на одлуката е да се обезбеди уверување дека системот гарантира легалност и регуларност на плаќањата, како и постоење на ефективни мерки за заштита од измами и корупција“, наведуваат од Министерството. Европската комисија, според соопштението, ја поздравила мерката и дала поддршка за спроведување на внатрешна ревизија.

Но, во политичката арена, толкувањата се дијаметрално спротивни. Опозицијата зборува за целосна суспензија, додека Владата тврди дека станува збор за контролиран технички прекин.

Кирил Миноски

Поранешниот министер за финансии, Кирил Миноски предупреди дека блокадата на средствата може да има сериозни последици врз развојот на земјоделството.

– Блокадата на средствата од ИПАРД 3 во износ од 128 милиони евра може сериозно да го забави развојот на земјоделството и руралните средини. Овие средства се важни за модернизација, нови инвестиции и конкурентност на македонските производители. Ваквиот застој испраќа и негативен сигнал кон Европската унија во однос на управувањето со фондовите. Се надевам дека ситуацијата ќе се расчисти и дека блокадата нема да се случи, изјави Миноски.

Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер за економски прашања (фото: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ)

Поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи за блокадата на ИПАРД 3, вели дека е доведен во прашање континуитетот на напредокот.

– Во рамките на претходната програма, ИПАРД 2, беа реализирани над 2.300 проекти, што ја позиционираше Македонија како регионален лидер во искористувањето на европските фондови. Блокадата на 128 милиони евра од ИПАРД 3 го доведува во прашање континуитетот на тој напредок, истакна тој.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска негираше дека средствата од ИПАРД 3 се блокирани по апсењата поврзани со корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

– Не. Напротив. Поздравена е позитивната акција од страна на луѓето од Европската комисија, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека токму Владата побарала да се стопира исплатата на дел од средствата сè додека не се утврди обемот на злоупотребите.

– Мораме да видиме до каде одат злоупотребите. Првичните информации говорат дека тоа не е од сега, туку години наназад е правено. Сè ќе се истражи и секој што мисли дека ќе помине – се лаже. Ќе одговараат сите, од прв до последен. Кој сака нека биде, рече Мицкоски.

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, изјави дека ИПАРД програмата е стопирана, а власта, како што рече, молчи пред илјадниците земјоделци кои останале без исплати и во целосна неизвесност.

– ИПАРД програмата е суспендирана, а власта молчи. Илјадници земјоделци се без исплати и во неизвесност. Одлуката за суспензија е донесена во петокот и стапила на сила веднаш, сè до исполнување на акциски планови. Ова е директна последица на корупцискиот скандал во Агенцијата, изјави Николовски.

Тој потсети дека во времето на имплементацијата на ИПАРД 2 програмата, Македонија била регионален лидер во искористување на европските фондови, реализирајќи над 2.400 проекти со поддршка за земјоделците.

– Во периодот на ИПАРД 2, реализиравме над 2.400 проекти, и Македонија беше лидер во регионот во користење на средствата. Денес довербата што ја градевме со години се руши со една афера, додаде Николовски.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, ги отфрли тврдењата дека европската ИПАРД-програма е блокирана или суспендирана.

– Брисел нема никаква најава за блокада на ИПАРД средствата. Напротив, нашите антикорупциски мерки и дополнителните проверки во Агенцијата се пофалени од Европската комисија, изјави Трипуновски, нагласувајќи дека институциите работат транспарентно и во целосна координација со европските партнери.

Последици за земјоделците и економијата

Замрзнувањето на исплатите директно ги погодува земјоделците, агробизнисите и руралните општини, кои се потпираат на европските грантови за модернизација. Според експертите, секое одложување на исплатите може да предизвика финансиски застој, пропаѓање на проекти и губење на довербата кај странските партнери.

Претставници на аграрниот сектор предупредуваат дека без брза реакција, Македонија ризикува да ја изгуби децентрализираната лиценца за управување со европските фондови, што ја има уште од 2009 година – привилегија која ја немаат сите земји од регионот.

Институционална одговорност и политичка битка

Случајот ја демонстрира тенката линија меѓу борбата против корупцијата и политичката инструментализација на процесите. Од една страна, Владата ја користи блокадата како доказ за решителност во откривање на злоупотреби; од друга, опозицијата ја толкува како прикривање на скандал што ја урнисува довербата на ЕУ. Она што е неспорно, според економските аналитичари, е дека злоупотребите во Платежната агенција открија хронична институционална слабост – недоволни контроли, партизација и отсуство на системска транспарентност.

Tест за европската зрелост на институциите

Блокадата на ИПАРД 3 не е само прашање на корупција, туку прашање на институционален интегритет.
Доколку земјата сака да ја задржи довербата на Европската комисија и да продолжи по европскиот пат, мора да демонстрира брза, одговорна и транспарентна реакција.

Ова е момент кога државата треба да покаже дека европските вредности – отчетност, транспарентност и владеење на правото – не се само политички пароли, туку реален системски приоритет.

Стопирањето на средствата од ИПАРД 3 Програмата е поради неодамнешниот корупциски скандал во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Обвинителството соопшти дека се приведени пет лица поради сомнение за злоупотреба во постапката за користење на средства од ИПАРД програмата. Според соопштението, првоосомничениот, управител на правно лице, е осомничен за продолжено кривично дело „давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица се товарат за „примање награда за противзаконито влијание“, а едно лице за продолжено кривично дело „примање поткуп“.

Според истрагата, управителот, од крајот на февруари до денот на апсењето, директно и преку посредници му ветил подарок – пари во значителен износ на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Во шемата, како посредници учествувале и даночен референт во УЈП и државен службеник од Министерството за земјоделство, кои го поттикнале директорот да потпише договор за користење средства од ИПАРД Програмата, иако компанијата не ги исполнувала условите на јавниот повик.

Во замена за потпишување на договорот, директорот на Агенцијата наводно прифатил ветен подарок од 50.000 евра, а при претрес биле пронајдени и одземени 400 евра кои се дел од договорената сума.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаЕУИПАРД 3Министерство за зејоделствоМинистерство за финансии
Next Post
„HBO“ подготвува ТВ-серија по култниот „V for Vendetta“

„HBO“ подготвува ТВ-серија по култниот „V for Vendetta“

НАЈНОВО

Германија ја зголемува помошта за Украина во 2026 година на 11,5 милијарди евра

November 11, 2025

СДСМ бара власта да ги објави бројките и да го разреши Трипуновски по суспензијата на ИПАРД

November 11, 2025
Фото: Кабинет на претседател

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

November 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Коцевски: Предметот за пожарот во „Пулс“ ќе го застапуваат 15 обвинители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фрчкоски: Македонија е доведена до еутаназија, на власта ѝ преостанува да почне со прогон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто светот секоја година зборува за датумот 11.11

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова: Заклетвата е обврска кон државата, но и кон вистината и правдата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk