ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕП изгласа продолжување на трговските олеснувања за Западен Балкан до 2030 година

November 13, 2025 14:28
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот парламент денеска усвои предлог за продолжување на трговските олеснувања за одредени земјоделски производи од Западен Балкан до 2030 година.
Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 гласа „за“, 72 „против“ и 22 „воздржани“.

Постојната регулатива на ЕП и Советот на ЕУ, која важи до 31 декември, ги ослободува овошјето и зеленчукот извезени од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија од специфични царински давачки и овозможува пристап до глобална тарифна квота за вино со потекло од Западен Балкан.

Европската комисија препорача континуирана поддршка за ранливите економии во регионот на Западен Балкан со продолжување на примената на Регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација за пет години, до 31 декември 2030 година.

Продолжувањето до 2030 година е предлог што „балансира континуитет, одговорност и правна сигурност“ и им обезбедува на Западен Балкан и на економските оператори „ограничен пристап до основниот пазар, а воедно одржува соодветни механизми за условување“, објави веб-страницата на Европскиот парламент.

Додадено е дека продолжувањето на овие мерки е во согласност со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој нагласува поблиска интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ.

За да имаат корист од овие олеснувања, земјите во регионот мора да ја почитуваат дефиницијата за производи со потекло, да се обврзат да не ги зголемуваат тарифите или ограничувањата за производите увезени од ЕУ и да не „учествуваат во сериозни и систематски кршења на човековите права, вклучително и основните права на работниците, и да ги почитуваат принципите на демократијата и владеењето на правото“.

Тие исто така мора да спроведат економски реформи и да соработуваат со други земји, особено во однос на воспоставувањето регионална зона на слободна трговија.

Европската комисија може да предложи целосно или делумно суспендирање на трговските олеснувања доколку некоја земја не ги исполни своите обврски.

Трговската размена меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан изнесуваше повеќе од 83 милијарди евра во 2024 година. Европската Унија е водечки трговски партнер на регионот, сочинувајќи речиси 78 отсто од вкупниот извоз на регионот и 59 проценти од неговиот увоз.

Како што истакнува известувачот Ван Дајк во образложението на предлогот, трговијата опфатена со овие мерки се зголеми за повеќе од 125 проценти од 2018 до 2024 година, од 60,5 милиони евра на 137 милиони евра.

Next Post
Скриншот

Рубио: Русија јасно порача дека не сака мир, продолжува со напади и неделно губи 7.000 војници

Shortcut

Најново

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 13, 2026
Data center server room technology digital network illuminated cables cybersecurity

Да не ги увезуваме и туѓите стравови

September 13, 2026

Медиумски пирати

September 13, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk