ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена

November 21, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Фото: Фејсбук Мицкоски

Фото: Фејсбук Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

За Македонија Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана. Тоа, вели, е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена и нагласувајќи притоа дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот.

-Ова беше резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности. Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани, посочи Мицкоски.

Македонскиот премиер во обраќањето наброи дел од промените кои што, како што рече, веќе се спроведуваат.

-Оваа година поднесовме две барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата – особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Досега се исплатени околу 24 милиони евра, комбинација од заеми и инвестициски грантови. Продолжуваме со натамошни реформски чекори во сите сектори: управување со јавните финансии, дигитална трансформација, развој на бизнисот и реформи во правосудството. Завршувањето на овие чекори ќе отклучи дополнителна поддршка од ЕУ во износ од над 134 милиони евра. Но, ова не се само бројки, ова се приказни за промена, додаде Мицкоски.

Тој го потенцира и приклучувањето на Македонија кон Единствената зона за плаќања во евра (SEPA) меѓу првите партнери од Западен Балкан интегрирани во овој европски систем, потоа проектот WiFi за Западен Балкан (WiFi4WB), којшто се спроведува во 63 општини, Дигиталниот самит во Скопје како потврда на заложбата за интероперабилност, безбеден дигитален идентитет и за поблиско усогласување со европските дигитални стандарди, како и програмата Хоризонт градиме национална Антена на Фабриката за вештачка интелигенција која ја поврзува Македонија со европскиот екосистем за ВИ и со капацитетите за суперкомпјутери.

Мицкоски се осврна и на поврзаноста како врвен приоритет, зборувајќи за модернизација на три гранични премини – Деве Баир, Блаце и Богородица во рамките на иницијативата Зелени ленти, со што Европа физички станува поблиска до граѓаните.

-Нашата зелена транзиција, од енергетски ефикасни студентски домови до нови инвестиции во транспорт и железничка инфраструктура, покажува дека растот и одржливоста можат да одат рака под рака. Вкупно, проекти во вредност од околу 1,1 милијарда евра се во текот на Планот за раст, од кои над половина милијарда се ЕУ грантови, нагласи Мицкоски, кој зборуваше и за продлабочената регионална соработка преку Заедничкиот регионален пазар и Берлинскиот процес, преку кој вели, создаваме простор кој го одразува Европскиот единствен пазар.

-Овие чекори се доказ дека кога ги интегрираме нашите пазари, кога ги поврзуваме патиштата и кога ги усогласуваме правилата, веќе ја практикуваме Европската унија и нејзините вредности, заклучи Мицкоски.

Тој потенцира дека нашата порака денес е едноставна, но, како што рече, цврста: Македонија исполнува.

-Не реформираме затоа што тоа се очекува од нас, туку реформираме затоа што веруваме во европската идеја. Ние ја градиме Европа дома со нашите политики, со нашите дела и со нашите вредности. Сега очекуваме од нашите партнери истото, правичен, меритократски пристап кој ги наградува резултатите и ја препознава посветеноста. Заедно да го претвориме овој План за раст во вистински напредок и промена; Да биде доказ дека европската идеја продолжува да инспирира, да обединува и да дава резултати, не утре, туку денес, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст во Тирана.

Tags: Мицкоскипроширување
Next Post
Фото: МОБ

Балетски спектакл во МОБ: „Госпоѓа Бовари“ со премиерно изведување вечерва

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk