ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Коштана“ на Народен театар Ниш на 50. Млад отворен театар

November 22, 2025 12:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: МКЦ

Фото: МКЦ

Share on FacebookShare on Twitter

Во МКЦ Скопје, сала Фросина, вечер со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата „Коштана“ на Народен театар Ниш, во режија на Јана Маричиќ,  како дел од програмата на 50. Млад отворен театар, што се одржува од 19 до 25 ноември во Скопје.

Во претставата играат Уна Костиќ, Маја Вукојевиќ Цветковиќ, Александар Маринковиќ, Данило Миленковиќ, Евгенија Станковиќ, Ивана Недовиќ, Милош Цветковиќ, Дејан Лилиќ, Наталија Јовиќ, Наѓа Недовиќ Текиндер, Николија Мичиќ, Петар Миљуш. Сценографијата е на Миодраг Табачки, костимографија, Борис Чакширан, а композитор е Божидар Обрадиновиќ.

– Јана Маричиќ на почетокот на втората деценија од 21 век, почувствувала потреба да укаже на фактот дека на сите нивоа од општествениот поредок луѓето живеат слично. Уште повеќе, трагедијата на Коштана од Нишкиот народен театар станува трагедија на општеството. Коштана изобилува со истовремени настани. Речиси во текот на целото времетраење на сценското дејство, музиката, песната и звуците од улицата доаѓаат од вонсценскиот простор. Сепак, поради нивната истовременост со настаните од сценското претставување, тие не влијаат одлучувачки врз развојот на заплетот. Како по правило, тие се дел од звучната завеса, амбиенталната позадина, уметничката орнаментација и реалистичната потврда на она што ликовите го кажуваат пред публиката, информира тимот на МКЦ.

На програмата на МОТ вечер е и „Кученцето се засмеа“  на Спам студиос, Бугарија, во режија на Ана Батева. Претставата ќе се одржи во клуб ресторанот на МКЦ во 22 часот.

– Артуро Бандини е живописен пример за деградирачката моќ на Егото и неговата деструктивна моќ, која може да го оддалечи човекот од реалноста. Реалност што е поместена од соништата, каде што самовосхитот и нарцизмот ги достигнуваат своите граници. Бидејќи во својата желба да им се допадне на сите, Бандини изгледа дека останува сам во сопствената борба за признавание. И додека ликот се врти во маѓепсан круг, Фанте нè потсетува дека „светот е мит, транспарентна рамнина во која сè е само за кратко време… Всушност, ние воопшто не сме живи. Едноставно се приближуваме до животот, но никогаш навистина не го постигнуваме…“, се вели во најавата за претставата.

Во рамки на 50. МОТ утре во 18 часот во КСП Јадро ќе биде изведена „Врба“  на Естер Бејкер и Искра Шукарова.

Од МКЦ најавуваат дека Естер Бејкер (САД) и Искра Шукарова (Северна Македонија) ќе понудат колаборативен процес, приспособлив на просторот, кој се базира на врбата, како и на ритуалот како перформанс. Во своето истражување, се вели во информацијата, тие го употребуваат перформансот за да патуваат низ времето и ритуалот за да се поврзат со предците и земјата. Во основата на својот процес, Естер и Искра целат да се придвижат кон отпорноста, но и кон радикалната нежност и вкоренетата поврзаност и процесот на учење едни од други. Ќе ја истражуваме врбата заедно. По перформансот, ќе има отворен разговор со публиката и артистите, стои во најавата.

Дел од утрешната програма е и „Граница“ на Ода театар, Косово, во МКЦ, сала Фросина во 20 часот. Автор е Ана Ристоска – Трпеноска, а режијата е на Совран Нрецај.

„Границата“ е театарско истражување за миграцијата, раселувањето и политиката на припадност. Четири актери се менуваат низ улогите, уривајќи ги границите меѓу театарот и животот, фактот и илузијата.

– Претставата ја раскажува приказната за семејство кое ризикува сè за неизвесна иднина, испреплетена со други наративи инспирирани од вистински искуства на мигрантите. Од гранична полиција до шверцери, од медиумите до самите емигранти, претставата ги разоткрива сложените реалности на миграциските патувања. „Границата“ се соочува со една од најитните кризи денес: масовната емиграција од Балканот, особено од Косово. Ја испитува миграцијата поттикната од рестриктивните политики на Европа и глобалните нееднаквости, прашувајќи: кој може да ја премине, кој е оставен зад себе и по која цена?, соопшти МКЦ.

Играат: Шпетим Селмани, Верона Коџа, Бленд Садику, Косоваре Красниќи и Леарт Нрецај.

Tags: КоштанаМКЦМОТ
Next Post
Ландо Норис Ф1 Мекларен

Норис по освојувањето на пол-позицијата на Големата награда на САД: Беше нервозно!

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk