ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Издаден налог за апсење на трансродната тајландска ко-сопственичка на организацијата на Мис Универзум

November 27, 2025 06:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Share on FacebookShare on Twitter

Неколку дена по гламурозното финале на изборот за Мис Универзум, светот на изборите за убавина повторно е потресен од сериозен скандал. Граѓанскиот суд во јужен Бангкок издаде налог за апсење на Ен Јакрајутатип, позната трансродна тајландска претприемачка и ко-сопственичка на организацијата Мис Универзум, поради сомнежи за измама, јавуваат меѓународните медиуми.

Правниот спор, кој деновиве доби нова драматична димензија, има корени уште од 2024 година. Како што произлегува од судската документација, истакнат тајландски пластичен хирург ја обвинил Јакрајутатип дека го довела во заблуда, убедувајќи го да инвестира во нејзината компанија JKN Global Group, иако, според обвинението, таа била свесна дека нема да може да ги врати средствата во договорениот рок. Во судските списи се наведува дека инвеститорот бил повикан на вложување и покрај тоа што, наводно, обвинетата била запозната со финансиската немоќ на компанијата.

Јакрајутатип формално се соочила со обвинение уште во 2023 година и била пуштена да се брани од слобода со кауција. Случајот со месеци тапкал во место, но на, 26 ноември, требало да биде донесена клучна судска одлука. Сепак, таа не се појавила на закажаното рочиште, ниту го известила судот за причините за отсуството.

Судот овој потег го оценил како сериозен пропуст и ја прогласил Јакрајутатип за можна бегалка, по што автоматски бил издаден и налог за нејзино апсење. Дел од локалните медиуми веќе шпекулираат дека таа го напуштила Тајланд и отпатувала во Мексико.

Иронијата е уште поголема ако се земе предвид дека токму овој месец Мексико славеше победа на својата нова Мис Универзум, Фатима Бош, која на 20 ноември беше крунисана токму во Бангкок.

Овогодинешното издание на Мис Универзум е обележано со низа контроверзии. Веднаш по финалната вечер, неколку натпреварувачки јавно тврдеа дека натпреварот бил наместен и дека однапред било познато кои учеснички ќе се пласираат во Топ 10. Дополнителни сомнежи во регуларноста внесе и оставката на поранешен судија на изборот, Омар Харфуч, кој изнесе тешки обвинувања за процесот на селекција.

Харфуч тврди дека преку социјалните мрежи дознал оти бил формиран неформален, импровизиран жири кој, надвор од официјалните протоколи, одбрал 30 полуфиналистки меѓу над 120 кандидатки. Според неговите изјави, меѓу членовите на таа група имало и лица со можен судир на интереси, што дополнително ја нарушило транспарентноста и кредибилитетот на натпреварот.

Истражните и судските постапки продолжуваат, а скандалот отвора сериозни прашања за функционирањето на една од најпрепознатливите светски манифестации за убавина.

Tags: Anne JakrajutatipМис УниверзумТајланд
Next Post
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Нови инциденти пред српскиот парламент: Турканици и навреди од станарите на „Ќациленд“ кон опозициски пратеници

Shortcut

Најново

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk