ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

(ВИДЕО) Пендаровски: Македонија е под хибриден напад, БРИКС, неутралноста и руските наративи се опасни илузии

December 7, 2025 11:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ го објавува третиот и последен дел од ексклузивното интервју со проф. д-р Стево Пендаровски, поранешен претседател на Република Северна Македонија и еден од најискусните аналитичари за безбедност, разузнавање и геополитика во регионот и пошироко. И во овој дел, нашиот соговорник продолжува со својата директна и безмилосно остра, а истовремено аргументирана и прецизна дијагноза за состојбите во нашата земја и пошироко, особено во домените на безбедноста и одбраната, институционалниот капацитет, но и за политичката волја на структурите што креираат политики и правецот во кој ја водат државата.

Пендаровски предупредува дека Македонија мора цврсто да остане закотвена во западниот безбедносен и политички систем, бидејќи сите „алтернативи“ – неутралност, БРИКС или дистанцирање од ЕУ – се опасни и неосновани. Тој критикува дел од актуелните политички елити поради недоволна политичка волја да ги препознаат и сузбијат хибридните закани, како и поради погрешните и непромислени изјави кои внесуваат забуна кај јавноста.

Нашиот соговорник високо ги оцени професионалните капацитети на клучните институции во државата. Но, иако службите имаат обучени професионалци, што е еден од позитивните резултати од членството во НАТО последните години, Пендаровски смета дека недостига стратешка политичка решителност да се искористат тие капацитети.

Особено загрижувачки, вели тој, е што половина од етничките Македонци не ја препознаваат Русија како агресор, што е показател за политички неуспех во објаснувањето на основната суштина на конфликтот.

Тој предупредува и на клучните општествени „столбови“ – политиката, медиумите, бизнис-елитите и црквата – кои во моментов рефлектираат колебливост, па и погрешни наративи, со што вршат директно негативно влијание врз стабилноста на државата.

Како најважна долгорочна инвестиција Пендаровски ја посочува образовната реформа, односно потребата – од најмала возраст, вклучувајќи граѓанско воспитување – развивање на способноста за препознавање на дезинформациите и лажните наративи. Без функционално образование, додава тој, државата не може да изгради стабилни институции, ниту да издржи во услови на хибридни закани.

На безбедноста и одбраната, пак, гледа како на „последна брана“ — важна, но недоволна ако не се гради свесен, информиран и демократски ориентиран граѓанин.

Пендаровски верува дека руската агресија врз Украина, наместо да ја ослабне, ја сплотила Европската Унија повеќе од кога било. Според него, во споредба со пред една деценија, ЕУ денес има поголема координација и блискост во безбедносната и надворешната политика, што е позитивен сигнал особено за малите држави-членки на НАТО.

Џабир Дерала / Цивил Медиа

Tags: интервјуПендаровскиЦИВИЛ Медиа
Next Post

Се отстрануваат билбордите и сите реклами од Железничката станица во Скопје

EVN

НАЈНОВО

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk