ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска посочи „медиумски кујни“ на ВМРО-ДПМНЕ, Митева обвинува за нанесување сериозни штети на медиумите

December 13, 2025 14:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По обвинувањата на СДСМ за, како што тврдат, постоење „медиумски кујни“ блиски до власта и манипулација со јавноста, уследи реакција од портпаролката на Владата, Марија Митева, која ваквиот настап го оцени како директен и недозволив атак врз слободата на медиумите и сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, реагираше на, како што наведе, настапот на СДСМ, оценувајќи дека јавното обележување и дискредитирање медиуми претставува недозволив атак врз слободата на медиумите и сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија.

„Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело откажување од одговорноста кон јавниот интерес и медиумската слобода“, наведува Митева во реакцијата.

Според неа, настапот на СДСМ, со прес-конференција, графикони и политички квалификации, не претставува легитимна политичка дебата, туку опасна пракса што потсетува на претходни обиди за јавен притисок врз медиумите.

„Ова го гледам како опасна пракса која потсетува на периоди кога СДС преку јавен притисок се обидувал да ги стави медиумите под контрола. Македонија не смее и нема да оди по тој пат“, истакнува Митева.

Таа нагласува дека актуелната Влада, како што вели, преку конкретни чекори покажува сериозна намера да обезбеди средина во која медиумите ќе работат слободно и без притисоци.

„Се формира работна група за спречување на SLAPP тужби, се води отворен дијалог со новинарските синдикати и медиумските здруженија, а истовремено СДС свесно избира јавна стигматизација на медиуми“, наведува портпаролката.

Митева оценува дека е лицемерно вакви напади да доаѓаат од политичка партија која, како што вели, декларативно се повикува на слободата на медиумите, додека јавноста добро го памети нивниот однос кон новинарите.

„Времето на замолчување, селективен пристап, притисоци и омаловажувања беше токму во периодот кога тие зборуваа за ‘слободи’. Тоа време е завршено“, додава таа.

На крајот, Митева повикува на јасна реакција од медиумската заедница, новинарските здруженија, граѓанскиот сектор и сите кои, како што наведува, искрено веруваат во слободата на изразување.

„Денес се на удар медиумите, утре може да биде секој критички глас. Ова што го направи СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор и потег кој мора јасно да се осуди“, се наведува во реакцијата.

Претходно порпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ систематски користи, како што ги нарече, „медиумски кујни“ за ширење лаги, манипулации и дефокусирање на јавноста секогаш кога власта се соочува со сериозни скандали.

 Таа рече дека јавноста денеска ќе добие „сликовит приказ“ за начинот на кој, според неа, функционира овој механизам и во прилог прикажа графикони.

„Секогаш кога се фатени во криминал, скандали и предавства како ова со договорните мигранти за пари, се вклучуваат кујните на ДПМНЕ“, нагласи портпаролката на СДСМ.

Кузеска потсети дека во изминатите две недели, според нивната анализа, доминирале три теми – објавите за криминални тендери од Антикорупцискиот тим на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинари на Инфомакс.

„Професионалните медиуми известуваа професионално, ги пренесуваа сите засегнати страни, ставовите на СДСМ и ставовите на власта“, рече таа, додавајќи дека, според нив, одредени медиуми намерно ги игнорирале позициите на опозицијата.

„Кујните на ДПМНЕ и нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината. Тие не ги пренесуваат ставовите на опозицијата, не ги пренесуваат негативните вести за власта и не пренесуваат ништо од тоа што го говори СДСМ“, изјави Кузеска.

Поврзано…

(ВИДЕО) Кузеска: „РАЗОТКРИВАЊЕ“ – Како работат кујните на ВМРО-ДПМНЕ

Tags: КузескамедиумиМитева
Next Post

Салах е вклучен во составот на Ливерпул за гостувањето кај Брајтон

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk