ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Кузеска: „РАЗОТКРИВАЊЕ“ – Како работат кујните на ВМРО-ДПМНЕ

December 13, 2025 11:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ систематски користи, како што ги нарече, „медиумски кујни“ за ширење лаги, манипулации и дефокусирање на јавноста секогаш кога власта се соочува со сериозни скандали.

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, рече дека јавноста денеска ќе добие „сликовит приказ“ за начинот на кој, според неа, функционира овој механизам.

„На јавноста, многу сликовито ќе и покажеме како работат кујните на ДПМНЕ за лаги, лажни вести и манипулации. Како го преплавуваат медиумскиот простор со текстови и манипулации за одвлекување на вниманието на граѓаните и извртување на вистината“, изјави Кузеска.

Таа посочи дека, според СДСМ, ваквите активности се засилуваат во моменти кога власта е соочена со сериозни обвинувања.

„Секогаш кога се фатени во криминал, скандали и предавства како ова со договорните мигранти за пари, се вклучуваат кујните на ДПМНЕ“, нагласи портпаролката на СДСМ.

Кузеска потсети дека во изминатите две недели, според нивната анализа, доминирале три теми – објавите за криминални тендери од Антикорупцискиот тим на СДСМ, договорот за мигранти и нападот врз новинари на Инфомакс.

„Професионалните медиуми известуваа професионално, ги пренесуваа сите засегнати страни, ставовите на СДСМ и ставовите на власта“, рече таа, додавајќи дека, според нив, одредени медиуми намерно ги игнорирале позициите на опозицијата.

„Кујните на ДПМНЕ и нивните медиумски инсталации имаат проблем со вистината. Тие не ги пренесуваат ставовите на опозицијата, не ги пренесуваат негативните вести за власта и не пренесуваат ништо од тоа што го говори СДСМ“, изјави Кузеска.

Како пример, таа го наведе денот на прес-конференцијата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Само 10 минути по прес-конференцијата на претседателот Филипче, кујните на ДПМНЕ почнаа да работат. Не се објавува за што е прес-конференцијата, туку се објавуваат копи-пејст вести дека имал прес, ама не одговорил на прашања“, рече Кузеска.

Таа посочи дека наместо содржината на прес-конференцијата, биле објавувани написи со напади врз СДСМ и Филипче, без, како што рече, ниту еден збор за темите што биле отворени.

„Ниту збор за кажаното на прес-конференцијата, ниту збор за мигрантите, ниту збор за Резолуцијата, ниту збор за осудата на нападот на Инфомакс, ниту збор дека напаѓачот е член на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Кузеска.

Според СДСМ, резултатот од ваквото делување биле, како што наведе портпаролката, над 70 различни објави во еден ден со цел, како што рече, дефокусирање на јавноста.

„Вака се одвлекува вниманието на граѓаните, вака власта сака да ја промени реалноста, да ја искриви вистината и да ги лаже граѓаните – исто како во времето на Никола Груевски“, заклучи Кузеска.

Графикони споделени на прес-конференцијата:



Next Post
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

СДСМ: Собранието мора да одлучува за мигрантите, а не општините

Shortcut

Најново

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

Од нетранспарентни измени на Изборниот законик до изборен блеф: Како Мицкоски ја тестира опозицијата

August 21, 2026

Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

August 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk