Франција доби нова музичка ѕвезда откако младата пејачка и актерка Лу Делез победи на годинашното издание на Детската Евровизија. Со изведбата на песната „Ce Monde“, таа во конкуренција од 18 земји ги освои и публиката и жирито, носејќи ѝ победа на Франција.
Кој е победничката на Детската Евровизија?
Лу Делез е родена на 23 март 2014 година во регионот Ил-де-Франс. Музиката е дел од нејзиниот живот уште од најрана возраст, а својот уметнички пат го започнала исклучително рано. На само седумгодишна возраст дебитирала како актерка во филмови и телевизиски серии.
Пред настапот на евровизиската сцена, Лу се истакнала и во популарното француско талент-шоу La France a un incroyable talent, а има улога и во филмот Le Parfum vert, што дополнително ја потврдува нејзината разноликост и сценска зрелост.
Песна со порака за иднината
Песната Ce Monde носи силна порака за светот и неговата иднина. Преку детска перспектива, композицијата го прикажува светот таков каков што е, но и таков каков што може да биде, испраќајќи порака на надеж и оптимизам.
Песната е напишана и компонирана од младата француска музичарка Лин, а изведбата на Лу привлече особено внимание поради изразената емоционалност и впечатливиот вокал, што беше еден од клучните фактори за победата.
Македонската претставничка Нела го освои седмото место
Македонската претставничка Нела Манческа со песната „Чудо“ (Miracle) го освои петото место од жирито, а во конечниот пласман каде беа и гласовите од публиката го зазема седмото место со вкупно 141 глас.
Редакција Фронтлајн









































































































