ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МЖСПП пушти нов веб портал и мобилна апликација за следење на квалитетот на воздухот

December 17, 2025 13:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информира дека во функција е нов веб портал за следење на квалитетот на воздухот, достапен преку постоечката адреса air.moepp.gov.mk, на кој граѓаните и институциите можат да ги следат податоците од сите мониторинг станици во државата во реално време.

„Би сакале да Ве информираме дека во функција е нов веб портал за квалитет на воздухот на МЖСПП на кој што може да пристапите преку постоечката адреса https://air.moepp.gov.mk. Податоците од сите мониторинг станици како и досега може да ги гледате во реално време“, се наведува во соопштението од Министерството.

Како новитет, од МЖСПП посочуваат дека податоците на порталот сега се споредуваат со новиот индекс за квалитет на воздух, кој е усогласен со Европскиот индекс и кој официјално започна со примена од 4 јули 2025 година.

„Новитет е тоа што истите се споредуваат со новиот индекс, кој е во согласност со Европскиот индекс за квалитет на воздух кој започна со примена од 04 јули 2025 година“, информираат од Министерството.

Од МЖСПП додаваат дека новата веб-страница има подобрени перформанси и напредни аналитички можности, особено во делот на следење на надминувањата на граничните вредности во тековната година, како и преку годишни анализи за претходните години.

Покрај веб порталот, Министерството информира дека е пуштена и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитетот на воздухот, достапна за корисниците на Андроид и iOS уреди.

„Исто така е пуштена и мобилна апликација за приказ на податоците за квалитет на воздух за Андроид и iOS, чии што линкови за превземање може да ги најдете на веб страната“, се наведува во соопштението.

Tags: веб порталквалитет на воздухМЖСППмобилна апликација
Next Post

Белград без претставник на самитот ЕУ – Западен Балкан

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk