Обожавателите се убедени дека актерката Џенифер Лоренс суптилно го „боцнала“ Леонардо Ди Каприо поради неговиот љубовен живот, кој со години е под лупа на медиумите. Моментот што ја разгоре дебатата се случи за време на нивниот заеднички разговор во новата епизода на емисијата Actors on Actors на магазинот Variety, пренесува Index.hr.
Лоренс и Ди Каприо, кои веќе соработуваа во хитот на Netflix Don’t Look Up, а наскоро повторно ќе застанат пред камерите во нов филм на Мартин Скорсезе, во емисијата ги промовираа своите најнови проекти – One Battle After Another и Die My Love, со кои целат кон номинации за Оскарите во 2026 година. Разговорот бил опуштен и пријателски, но еден коментар на Лоренс брзо го засени сè друго.
Што точно рече Џенифер Лоренс?
Во еден момент, Лоренс се осврна на улогата на ДиКаприо како татко во филмот One Battle After Another, по што следеше реплика која многумина ја протолкуваа како намерна провокација:
#JenniferLawrence says #LeonardoDiCaprio would “look great” with a teenage daughter and “loved” seeing him as a dad in “One Battle After Another.”
Watch Variety and @CNN’s #ActorsOnActors now at https://t.co/VtzY0g8g9J and on the CNN app. pic.twitter.com/ZeG6Q2Q1RB
— Variety (@Variety) December 17, 2025
„Навистина ми се допадна да те видам како татко во филмот. Толку ми е жал што немаш ќерка тинејџерка – изгледаш одлично покрај една“, му рече таа со насмевка.
Коментарот веднаш предизвика лавина реакции, имајќи предвид дека љубовниот живот на Ди Каприо со години е тема на јавни дискусии, особено поради неговите врски со значително помлади партнерки. Неговата сегашна девојка, манекенката Виторија Черети, има 27 години и е 24 години помлада од 51-годишниот актер, додека претходно беше во врска со Џиџи Хадид, која тогаш имаше 30 години.
Социјалните мрежи „горат“
Исечокот од интервјуто брзо се прошири на социјалните мрежи. Еден вирален коментар на платформата X гласи: „Таа го крена тролањето на ниво на професионална уметност.“
Друг корисник додаде: „Умирам од смеење – толку културно, а толку прецизно.“
Дополнително масло на огнот долеа и фактот што актерката Чејс Инфинити, која во филмот ја игра ќерката на Ди Каприо, е само две години помлада од неговата сегашна партнерка – иронија што корисниците на интернет не пропуштија да ја истакнат.





