ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Поскапувањето на струјата е резултат на криминални тендери и колапс на ЕСМ

December 24, 2025 08:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
СДСМ

СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека најавеното поскапување на електричната енергија е директна последица на, како што наведуваат, криминалните тендери и неспособното управување со енергетскиот сектор од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поскапувањето на струјата е нов удар врз и онака нискиот животен стандард на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ, во кое партијата посочува дека лошото раководење со секторот енергетика ја турнало државата во енергетска криза, а цената повторно ја плаќаат граѓаните.

Од СДСМ директно ја посочуваат министерката Сања Божиновска, обвинувајќи дека за само година и половина државната електрани ЕСМ е доведена до, како што велат, состојба на колапс. Според нивните наводи, производството на електрична енергија е на историски најниско ниво – од планираните 5.000 GWh не се произведени ниту 3.000 GWh.

Поради недостигот на домашно производство, Владата, според СДСМ, е принудена да купува увозна струја по значително повисоки цени. Наместо електрична енергија произведена по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, државата купува струја по цена од околу 140 евра за мегават-час.

„Причината е иста како и кај другите случаи – тендери“, обвинуваат од СДСМ, наведувајќи примери за, како што велат, сомнителни јавни набавки, меѓу кои 161 тендер доделен на една фирма и исплата од 9 милиони евра на друга компанија со двајца вработени.

Според податоците што ги изнесува партијата, загубата на ЕСМ досега изнесува 77 милиони евра, а до крајот на 2025 година се очекува да надмине 100 милиони евра. Дополнително, ЕСМ има и околу 110 милиони евра долг по основ на кредити, што, според СДСМ, значи вкупен товар од околу 200 милиони евра кој паѓа на грбот на граѓаните.

„Затоа поскапе струјата. Граѓаните ја плаќаат сметката за криминалните тендери и епската неспособност“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ прашуваат дали Владата ќе се обиде да го оправда поскапувањето со нови анкети или, како што велат, со нови дефокусирања, и порачуваат дека одговорност мора да има.

„Работата не е завршена“, порачуваат од опозициската партија.

Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Меѓу реториката на сојузниците и реалните капацитети - Зошто Македонија нема да испраќа војници во Украина?

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk