Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавниот превоз дека е потребно да го продолжат, односно да го заверат билетот за 2026 година.
Како што информира ЈСП, продолжувањето и заверката започна денеска, 25 декември, и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со задолжително лично присуство на студентот.
При продолжувањето, студентите треба да достават потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со запишан зимски семестар, како и лична карта на увид.
Од ЈСП појаснуваат дека за студентите – бруцоши од студентската 2025/2026 година, студентскиот годишен билет автоматски важи и за наредната календарска година и не е потребна дополнителна постапка.





