По седумгодишно отсуство од големото платно, Gwyneth Paltrow се враќа на филмската сцена со Marty Supreme. Иако се појавува во споредна улога, настапот на Paltrow е широко истакнат како еден од највпечатливите во филмот, потврдувајќи ја нејзината долгогодишна репутација за создавање сложени и повеќеслојни ликови.
Во Marty Supreme, Paltrow ја толкува Кеј Стоун, поранешна актерка која го напуштила тој свет и сега живее како сопруга на моќен бизнис-магнат, кого го игра ѕвездата на Shark Tank, Kevin O’Leary, во своето актерско деби. Филмот, во кој главната улога ја има Timothée Chalamet, минатиот викенд постави рекорди со прикажување во ограничена дистрибуција во само шест кина.
Paltrow неодамна зборуваше за своето враќање во актерството во специјалното празнично издание на видео-серијалот на Deadline, The Actor’s Side. Во разговорот, таа се осврна на одлуката повторно да застане пред камера со Marty Supreme, откривајќи дека пред да ја прифати улогата никогаш немала гледано филм со Timothée Chalamet, ниту пак филм од Josh Safdie. Таа го опиша искуството како пријатно враќање, особено поради силниот прием што го добива филмот.
Актерката зборуваше и за личната симболика на ликот што го игра – жена која, на поинаков начин, повторно се поврзува со сопственото актерско минато. Paltrow призна дека чувствувала одредена несигурност дали сè уште го има „тоа“, особено по годините поминати надвор од филмската индустрија, во кои ја изгради својaта успешна компанија Goop. Таа посочи дека индустријата значително се променила, вклучително и воведувањето на координатори за интимни сцени, како и пресвртот на традиционалните холивудски улоги преку приказна за постара жена во врска со помлад маж.
Во разговорот беше допрена и маркетинг-кампањата за Marty Supreme, при што Paltrow целата заслуга ја припиша на нејзиниот колега Chalamet.
(ФОТО/ВИДЕО) Како Тимоти Шаламе и A24 ја редефинираат филмската промоција за „Marty Supreme“
Иако добива позитивни критики за својот настап, таа откри дека не прочитала ниту една рецензија и дека тоа е практика што ја следи во текот на целата кариера, без намера да ја промени.
Редакција Фронтлајн








































































































