ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Скопје едногласно побара дислокација на „Усје“

December 26, 2025 12:52
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На иницијатива на советниците на „Зелен хуман град“ (ЗХГ), Советот на Град Скопје на вчерашната седница едногласно усвои заклучок за отпочнување постапка за дислокација на цементарницата „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи надвор од Скопската Котлина.

„За првпат во историјата на Скопје, сите советнички групи застанаа обединето со граѓаните и едногласно порачаа: УСЈЕ НАДВОР ОД СКОПЈЕ! По 13-часовна седница, Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата. Спроведувањето на заклучоците внимателно ќе се следи – во интерес на здравјето и животната средина на скопјани“, додаваат од Зелен хуман град.

Со заклучокот, кој беше изгласан од советниците со мнозинство од 41 глас „за“, градоначалникот на Град Скопје се задолжува да се обрати до Владата за разгледување на начинот за отпочнување на постапката за дислокација.

Советниците усвоија и заклучок со кој Град Скопје се задолжува да се обрати до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за испитување на работењето на „Усје“ и сите големи индустриски загадувачи и дали истите целосно ги исполнуваат сите обврски и критериуми кои произлегуваат од важечката дозвола за работа и релевантната еколошка регулатива и во најбрз рок да го известат Советот за резултатите.

Од Државниот инспекторат за животна средина се бара да изврши серија ненајавени инспекциски надзори врз работењето на „Усје“ и големите индустриски загадувачи со цел утврдување на фактичката состојба, почитувањето на еколошките стандарди и примената на мерки за заштита на животна средина и здравјето на граѓаните.

Меѓу заклучоците усвоени од советниците на Град Скопје е и заклучокот со кој се повикува Општина Кисела Вода, врз основа на наодите и параметрите добиени од МЖСПП и од ДИЖС да води особена сметка при натамошната изработка и усвојување на деталните урбанистички планови и истите да ги земе предвид при идните урбанистички плански постапки. Истата обврска се однесува и на останатите општини во Град Скопје и на Градот Скопје.

По усвојувањето на заклучоците, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека Град Скопје веднаш ќе ги достави до сите релевантни институции.


Вчерашната седница на Советот на Град Скопје, се одржа додека паралелно граѓани протестираа против работата на цементарницата „Усје“ и бараа нејзина дислокација.

Next Post
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Ништо не се случува, закочена е државата, 2026 година ќе биде уште потешка

Your browser does not support the video tag.
Shortcut

Најново

Фото: илустрација Фронтлајн

Трамп во посета на Кина: Пет клучни прашања на маса со Си Џинпинг

May 14, 2026
Анаис. Мотив, Битола Широк сокак

Дневен хороскоп со Анаис за 14 мај 2026: Фаза на материјализација и стабилност

May 13, 2026

„Авалон продукција“ објави детали за влезниците за „David Guetta“ за 8. Септември

May 13, 2026

Николоски: Воена болница станува најмодерна во државата, целосно ја реконструиравме болницата „8-ми Септември”

May 13, 2026

СДСМ бара итна оставка од јавниот обвинител Савески: Мицкоски му диктира задачи и врши притисок

May 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk