ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

„Не починаа по божја волја, туку поради корупција“ – потресни говори на 35. Марш за ангелите во Кочани

December 27, 2025 20:36
in ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА, ТРАГЕДИИ
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Во Кочани денеска се одржа 35. „Марш за ангелите“ на родителите на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. На маршот се обратија некои од родителите.

Таткото на загинатата Надица Наунова, која утре требаше да го слави 18 роденден. Таткото во емотивен и потресен говор ја искажа неописливата болка во која сега живее неговото семејство. Рече дека таа не е почината по божја волја, туку поради корупција. Откри дека Надица го молела да се иселат од Македонија, но тој не ја послушал.

„Го славиме твојот небесен роденден ќерко моја. На 8 март мојата ќерка Надица ѝ го подари последниот подарок на својата мајка. Мал гест, но исполнет со љубов. Таква каква што само едно дете знае да ја даде. Не знаевме дека тоа ќе биде нејзиното последно те сакам преточено во дело. Седнавме тогаш да ручаме, како вистинско семејство. Разговаравме, се смеевме, си ги гледавме лицата со радост и надеж. Зборувавме за нашиот најсреќен ден 28 декември, денот кога мојата прва рожба, мојата прва радост требаше да наполни 18 години. Зборувавме за музиката што таа ќе ја избере, за ди-џејот што ќе ја крене салата на нозе, за фустанот што ќе го одбере и толку ќе биде убава. Зборувавме за гости, за пријатели од Србија, за смеа, за радост, за торта. Тоа не беа само планови туку тоа беше живот што го очекувавме, но на 16 март се згасна“, рече низ солзи таткото на Надица.

Мајка на едно од загинатите момчиња објави потресно писмо посветено на својот син и на неговите пријатели, кои својата прва Нова година, наместо со најблиските, ја „дочекуваат“ на небото.

„Требаше овде да се слуша вашиот глас, вашата смеа и љубов. Но, наместо тоа, остана само тишина, крик, болка и солзи. Среќна ви прва небесна Нова година, ангели наши. Славете како што славевте – радосни и разиграни како таа кобна ноќ“, пишува мајката.

„Имаме уште една желба – правдата да пресуди за вашето прерано заминување. Ако таа се исполни, ќе знаеме дека постои правда“, стои во пораката.

Tags: КочаниМарш за ангелите
Next Post
Фото: Илустрација. Генерирано со Grok

Зеленски пред средбата со Трамп фокусиран на безбедносните гаранции за Украина

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk