Натпреварот меѓу кошаркарките на Мерсин и Бодрум во турското првенство доби драматично и недозволиво „трето полувреме“ по завршувањето на мечот.
По победата на гостинската екипа од Бодрум со 73:72, постигната со кош во последните секунди, на паркетот и околу него изби масовна тепачка во која учествувале повеќе кошаркарки од двата тима.
איזה בלאגן pic.twitter.com/oITOTALhiE
— D.Y (@dubi_ya) December 28, 2025
Најтешки последици имала кошаркарката на Бодрум, Ејдина Топчу, која за време на физичката пресметка добила повреда на главата. Според локалните медиуми, ѝ била отворена аркада, по што била пренесена во болница, каде што раната ѝ била зашиена.
Инцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а снимките од тепачката брзо се проширија, предизвикувајќи осуда од јавноста и спортската заедница







