ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Владата ќе продолжи со про-семејни политики и отворање нови детски градинки

January 3, 2026 14:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада РСМ

Фото: Влада РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата продолжува со, како што рече, јасно дефинирана про-семејна политика, чиј фокус се децата, семејството и создавање услови за најмладите.

„Втор ден во овој дел од Македонија и втор ден со убава вест – повторно детска градинка. Како Влада продолжуваме да создаваме услови за најмладите, за нашите деца, кои се иднината на државата и нацијата“, изјави Мицкоски при пуштањето во употреба на надградбата на постојната детска градинка во Таринци, Општина Карбинци.

Тој нагласи дека Владата ќе промовира, како што рече, про-семејни вредности, кои, според него, претставуваат темел на државата и општеството, додавајќи дека други вредносни концепти оваа влада нема да ги промовира.

Мицкоски потсети и на мерките во делот на демографската политика, наведувајќи дека бројот на бесплатни ин витро процедури е зголемен од три на шест, како и дека продолжува процесот на отворање нови градинки со цел целосно да се елиминираат листите на чекање, обврска предвидена во владината програма.

„Вчера беше Кочани, каде по долг период беше отворена градинка со капацитет за 114 деца. Денеска е оваа надградба во Таринци за околу 50 нови деца, а утре отвораме градинка и во Сопиште“, рече премиерот, најавувајќи дека ваквите проекти ќе продолжат и во наредниот период.

Тој ја спомена и содржината на учебниците за првоодделенците, во кои, како што рече, семејството е дефинирано како „мајка, татко, сестра, брат и јас“, оценувајќи дека на тој начин Владата јасно ги дефинира своите политики.

Премиерот им се заблагодари на градоначалникот, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, како и на локалната администрација и советниците, оценувајќи дека надградбата на градинката во Карбинци е реализирана во рекордно краток рок.

„Иднината се децата и во таа насока ќе продолжиме да ги водиме политиките“, порача Мицкоски.

Tags: градинкиМицкоски
Next Post

Идентификувани првите четири жртви од пожарот во Кран-Монтана, сите на возраст од 16 до 21 години

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk