ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Идентификувани првите четири жртви од пожарот во Кран-Монтана, сите на возраст од 16 до 21 години

January 3, 2026 15:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Швајцарската полиција ги идентификуваше првите четири жртви од катастрофалниот пожар што избувна во бар во ски-центарот Кран-Монтана за време на новогодишната ноќ, пренесува Би-Би-Си.

Станува збор за две швајцарски државјанки на возраст од 21 и 16 години и двајца швајцарски државјани на возраст од 18 и 16 години, чии тела се предадени на нивните семејства, соопшти кантоналната полиција на Вале.

Од полицијата наведуваат дека идентификацијата била овозможена по „обемна и сложена работа“ на истражните служби и Институтот за судска медицина, а процесот на идентификација на останатите жртви сè уште продолжува.

Во пожарот во барот „Le Constellation“ загинаа 40 лица, а 119 лица беа повредени, соопштија надлежните. Дел од повредените веќе се идентификувани, додека семејствата на лицата кои сè уште се водат како исчезнати се соочуваат со неизвесност и чекање информации.

Прелиминарната истрага покажала дека најверојатна причина за пожарот биле искрите од прскалки поставени на шишиња шампањ, кои биле држени премногу блиску до таванот, по што огнот брзо се проширил.

Швајцарскиот претседател Ги Пармелен трагедијата ја оцени како „една од најтешките што земјата ги доживеала“.

Засега не се објавени дополнителни детали за идентитетот на жртвите, вклучително и нивните имиња.

Полицијата во петокот соопшти дека 113 од повредените се идентификувани, меѓу кои 71 швајцарски државјанин, 14 француски и 11 италијански државјани.

Меѓу загинатите и исчезнатите има голем број тинејџери. Барот „Le Constellation“ бил популарно место меѓу младата популација во ски-центарот, каде што законската возраст за консумирање алкохол е 16 години.

Еден тинејџер од Италија, голфер по професија, беше првата именувана жртва, иако швајцарските и италијанските власти сè уште официјално не ја потврдиле неговата смрт.

(Вознемирувачко ВИДЕО) АНАЛИЗА: Како се случи пожарот во Кран-Монтана, од славење до пекол за десет секунди

Пред барот, зад полициските бариери, граѓани оставаат цвеќиња, играчки и пораки со сочувство, додека во саботата семејствата беа упатувани во конференциски центар во близина на Кран-Монтана.

На местото биле присутни и претставници на италијанската цивилна заштита, заедно со италијанскиот амбасадор во Швајцарија Џан Лоренцо Корнадо, кој изјави дека процесот на идентификација продолжува и дека се очекува да биде завршен до недела попладне.

Според него, процесот оди бавно поради тешките изгореници што ги претрпеле многу од жртвите.

Редакција Фронтлајн

Tags: жртвиидентификацијаКран-МонтанапожарШвајцарија
Next Post
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски прво да се уапси себеси

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk