Американските сили, заедно со партнерски единици, извршија серија координирани напади врз повеќе цели на Исламска држава низ територијата на Сирија, соопшти CENTCOM.
Нападите се дел од операцијата „Hawkeye Strike“, која беше активирана и јавно објавена на 19 декември 2025 година по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, како директен одговор на смртоносниот напад на ИСИС во Палмира на 13 декември минатата година.
— U.S. Central Command (@CENTCOM) January 10, 2026
Во тој напад, кој го извршил припадник на ИСИС, загинале двајца американски војници и еден американски цивилен преведувач, наведуваат од CENTCOM. Американската војска соопшти дека денешните удари биле насочени кон позиции на ИСИС низ Сирија, со цел спречување на идни напади и заштита на американските и партнерските сили во регионот.
„Ако им наштетите на нашите војници, ќе ве пронајдеме и ќе ве убиеме каде било во светот, без разлика колку се обидувате да ја избегнете правдата“, порачаа од американската војска во официјалното соопштение.







