ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Објавени резултатите од обдукцијата на фуд-инфлуенсерот Мајкл Дуарте

January 22, 2026 06:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Објавени се резултатите од обдукцијата на фуд-инфлуенсерот Мајкл Дуарте, кој почина на 8 ноември по судир со полицијата во Тексас. Дуарте, кој на социјалните мрежи беше познат под името Food With Bear Hands, имал 36 години. Токсиколошкиот наод покажал дека во моментот на смртта во неговиот организам немало алкохол ниту дрога, пишува Daily Mail, пренесува Index.hr.

Полициска интервенција

Полицијата на 8 ноември реагирала на повик до итната служба за „маж со нож кој се однесува неурачунливо“. Според Канцеларијата на шерифот на округот Медина, заменик-шерифот на местото на настанот го затекнал Дуарте како „се заканува дека ќе ги убие сите“ и „се обидува да нападне пожарникари и медицински лица од итната помош“.

Откако му биле издадени „повеќе усни наредби“ да легне на земја, Дуарте наводно „потрчал кон заменик-шерифот викајќи: ‘Ќе те убијам’“. Полицајката потоа испукала два куршума и го погодила. На Дуарте му била укажана помош на лице место, по што бил пренесен во болница, каде подоцна бил прогласен за мртов.

Наоди од обдукцијата

Обдукцијата покажала дека Дуарте имал две прострелни рани – една на левата страна од градите и друга веднаш под неа. Неколку недели претходно, Канцеларијата на судскиот медицински истражител на округот Бексар потврдила дека Дуарте „починал од прострелна рана“, а начинот на смртта официјално бил прогласен за убиство.

Кариера и семејство

Дуарте изгради голема заедница на следбеници на Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Јутјуб, каде со повеќе од два милиони обожаватели споделуваше видеа за готвење, совети за скара и рецепти. Своето хоби го претворил во бизнис за време на пандемијата. Зад себе ја остави сопругата Џесика и нивната шестгодишна ќерка Оукли. Непосредно пред неговата смрт, парот ја прославил деветгодишнината од бракот.

Објави на сопругата

Една недела по смртта на Дуарте, неговата сопруга Џесика се огласи на Инстаграм, признавајќи дека „се бори“ со загубата. Во објава со фотографии од Мајкл напиша дека не знаела како да се справи со неговата смрт, па решила да го прави она што ѝ изгледа правилно – да ги споделува неговите приказни, и како креатор на содржини и како сопруг, татко и пријател.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Lee Duarte (@jessicaleeduarte)

Таа додаде дека планира да ја продолжи неговата оставштина и им се заблагодари на обожавателите за поддршката. Во подоцнежна порака директно му се обрати на Мајкл, истакнувајќи дека е горда што била негова сопруга и дека таа титула ќе ја носи со чест до крајот на животот.

Изрази на сочувство

Веста за смртта на Дуарте ја објави и неговата агенција за таленти Alooma Media Group, која во соопштение го опиша како „вистински и посветен партнер, сигурен соработник и, пред сè, извонредна личност“. Воедно беше покрената и GoFundMe кампања за покривање на трошоците за погребот и транспорт на телото во Калифорнија.

Tags: инлфлуенсерМајкл Дуартеобдуккција
Next Post
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Откриен е-мејлот на Блејк Лајвли до Бен Афлек среде драмата околу Балдони

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk