ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Откриен е-мејлот на Блејк Лајвли до Бен Афлек среде драмата околу Балдони

January 22, 2026 07:05
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Фото: Скриншот, видео Инстаграм

Share on FacebookShare on Twitter

Блејк Лајвли побарала помош за време на постпродукцијата на филмот „It Ends With Us“, а еден од тие обиди бил и мејл испратен до Бен Афлек, нејзин колега и режисер од филмот „The Town“. Во пораката таа побарала повратни информации за својата верзија од монтажата на филмската адаптација на романот на Колин Хувер, а деталите од мејлот биле откриени како дел од судски поднесок до кој увид имал магазинот E! News

Соработката со Џастин Балдони

Во мејлот од мај 2024 година, Лајвли детално ја опишала својата постпродукциска соработка со режисерот на филмот, Џастин Балдони, тврдејќи дека „на крајот целосно го препишала и реструктурирала целото сценарио“ на филмот, иако официјално како сценарист е потпишана Кристи Хол. Иако презимето на примателот е редактирано во судските документи, референците во пораката упатуваат на детали од животот и кариерата на Афлек, пренесува Index.hr..

„Сите со кои соработува Балдони се во култ“

Актерката, која со Рајан Рејнолдс има четири деца, навела и дека „сите“ со кои Балдони соработувал на филмот биле „во култ“. Таа напишала дека работата би била многу полесна доколку таа само формално режирала, но дека морала да се пробива низ неговиот вкус, его и веќе донесени одлуки, што ја направило целата ситуација исклучително тешка, без притоа да се допрат и проблемите со човечките ресурси и поширокиот тим.

Борба околу финалната монтажа

Лајвли објаснила дека го бара мислењето на Афлек бидејќи влегува во „натпревар“ со Балдони околу тоа чија верзија од монтажата ќе стане финална. Го замолила да ја погледне нејзината верзија доколку има „1 час и 58 минути слободно време во кој било момент во следните неколку дена“. Во пораката додала дека би ѝ значело и мислењето на неговата тогашна сопруга, Џенифер Лопез, како и на нивните деца.

Пофалби за Џенифер Лопез

„Голем обожавател сум на Џенифер“, напишала Лајвли, додавајќи дека секојпат кога ќе ја сретнала ѝ го кажувала тоа и дека би ѝ било чест да го слушне и нејзиното мислење.

Нема притисок, но голем влог

Лајвли во пораката повеќепати нагласила дека нема „никаков притисок“ Афлек да го гледа филмот, објаснувајќи дека навистина сака проектот да успее по сè што вложила во него. „Овој филм речиси ме уништи“, напишала таа, додавајќи дека може да се сети на многу малку луѓе кои би биле толку проникливи како што верува дека би бил Афлек.

Поддршка од Мет Дејмон

Во мејлот таа ги пофалила и режисерските проекти на Афлек и открила дека неговиот долгогодишен соработник и пријател Мет Дејмон планира да ја погледне нејзината монтажа. Таа напишала дека Рајан Рејнолдс го замолил Дејмон да го стори тоа и дека очекува филмот да го гледа тој викенд.

Со хумористичен тон додала дека не може да поверува оти „Џејсон Борн го гледа мојот филм“, ветувајќи автограм еден ден.

Завршница на пораката

На крајот од пораката, Лајвли напишала: „Ако сè уште го читате ова – вау. Или не сте ни приближно толку зафатени колку што мислите, или сте навистина драга личност.“

Tags: It Ends With UsБен АфлекБлејк ЛајвлиЏастин Балдони
Next Post
Скриншот

Грчките земјоделци се повлекуваат од преминот Евзони по 53 дена блокада

Најново

Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

Унгарски „Икарус“ и австриска „ЕВН“ избрани за набавка на 150 нови електрични автобуси

April 30, 2026

Мицкоски: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот 

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk