ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Оваа власт не сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

January 26, 2026 12:31
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: СДСМ

Фото: СДСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на седница на Националниот совет за евроинтеграции остро ја критикуваше Владата, обвинувајќи ја дека свесно го запира европскиот пат на Северна Македонија и практикува антиевропски политики.

„Дозволете да изразам голема загриженост за ситуацијата во земјата, за немањето никаков прогрес на европскиот пат и за практично антиевропските манири кои ги гледаме во веќе половина од мандатот на оваа влада“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека, и покрај забелешките од европските извештаи, Владата не презема суштински чекори.

„Освен што не се работи ништо по забелешките кои ги добиваме од Европа, неповикани се практикуваат антиевропски манири“, рече Филипче.

Без политичка волја за уставни измени и реформи

Филипче оцени дека земјата не е подготвена ниту за евентуална политичка одлука за проширување на ЕУ, за разлика од Украина и Молдавија.

„Никаква домашна задача не е завршена, не сме го зајакнале системот и не можеме да бидеме спремни ниту за политичка одлука доколку дојде до таква можност во рамките на Европската Унија“, истакна тој.

Како клучен проблем го наведе немањето политичка волја за уставните измени.

„Очигледно е дека уставните измени се единствениот начин да се продолжат преговорите и да се отворат кластерите. Сите најави дека нешто ќе се репреговара или ќе се менува – не се случуваат. Ова е намерно запирање на европскиот пат“, рече Филипче.

Проруски ставови и безбедносни ризици

Филипче предупреди и на отворено изразени проруски ставови во Владата.

„Имаме вицепремиер кој отворено присуствува на состаноци со луѓе блиски до Путин и тоа не го крие. Како во тој контекст да се разбере неговата изјава дека Европа треба да размислува ние да влеземе заедно со Србија? Тоа веќе не е само европско, туку и сериозно безбедносно прашање“, рече тој.

Според него, земјата е намерно ставена на маргините на ЕУ, со зголемено проруско влијание и сомнителен капитал.

„Сомнителен капитал кој бил одбиен во земји членки на ЕУ, овде широко му се отвораат вратите. Големо е прашањето зошто е дозволен таков влез, конкретно преку Алта банка од Србија“, изјави Филипче.

Влошени односи со соседите и медиумска контрола

Филипче ги критикуваше и влошените односи со соседните земји.

„Наместо да ги подобруваме односите со Грција и Бугарија, повторно се отвораат затворени прашања за националистичка и популистичка политика“, рече тој.

Посебно внимание посвети на состојбата со медиумите.

„Огромен процент од медиумите – телевизии и портали – се во директна сопственост на луѓе блиски до премиерот Виктор Орбан. Тоа се медиуми кои со години промовираат антиевропски ставови и ги поддржуваат политиките на оваа влада“, истакна Филипче.

Последици по економијата

На крајот, Филипче предупреди дека граѓаните и економијата наскоро директно ќе ги почувствуваат последиците од ваквите политики.

„Со воведувањето на новиот електронски систем на Европската Унија ќе се ограничи движењето на нашите превозници. Ќе крахира економијата, предупредува независниот аналитичар Александар Николоски, имајќи предвид дека над 60–70% од нашиот извоз и увоз е врзан со земји членки на ЕУ“, рече Филипче.

Тој порача дека цената на, како што рече, лошите владини политики повторно ќе ја платат граѓаните.

Tags: ВладаевропаНационален совет за евроинтеграцииФилипче
Next Post
Фото: МВР

МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk