ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

January 26, 2026 15:16
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“ континуирано се евидентираат и санкционираат сообраќајни прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите.

Од Министерство за внатрешни работи појаснуваат дека системот автоматски регистрира пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, неправилно запирање и паркирање, како и учество во сообраќај со нерегистрирано возило.

За пречекорување на брзината во населено место, каде дозволената брзина е до 50 километри на час, глобите изнесуваат 15 евра за надминување до 10 километри, 50 евра за надминување од 10 до 30 километри, додека за пречекорување од 30 до 50 километри следува глоба од 300 евра и забрана за управување моторно возило од три до 12 месеци.

Надвор од населено место, глобите се движат од 20 евра за надминување до 30 километри, 50 евра за надминување од 30 до 50 километри, а за надминување од 50 до 70 километри на час следува глоба од 300 евра и забрана за управување од три до 12 месеци.

За минување на црвено светло е предвидена глоба од 250 евра и забрана за управување моторно возило во траење од три до 12 месеци.

Непрописното запирање и паркирање на пешачки премини, крстосници, тротоари, велосипедски патеки, автобуски постојки, зелени површини и места наменети за лица со попреченост се санкционира со глоби од 25, 40, 150 или 180 евра, во зависност од тежината на прекршокот.

За управување со нерегистрирано возило, без важечка сообраќајна дозвола или регистарски таблици, е предвидена глоба од 500 евра, додека ако сообраќајната дозвола е истечена до 30 дена, глобата изнесува 100 евра.

Од МВР информираат дека доколку глобата се плати во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од износот, а во случај на изречена забрана за управување, таа се изрекува во половина од пропишаниот рок.

Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на личната и општата безбедност и намалување на сообраќајните незгоди.️


Пречекорување на брзина во населено место

(дозволена брзина до 50 km/h, по исклучок до 70 km/h со знак)

  • до 10 km/h над дозволеното –15 €
  • од 10 до 30 km/h –50 €
  • од 30 до 50 km/h –300 €+ забрана за управување 3–12 месеци

️ Пречекорување на брзина надвор од населено место

(130 km/h автопат • 110 km/h пат за моторни возила • 90 km/h други патишта)

  • до 30 km/h над дозволеното –20 €
  • од 30 до 50 km/h –50 €
  • од 50 до 70 km/h –300 €+ забрана за управување 3–12 месеци

 Поминување на црвено светло

  • 250 €глоба
  • забрана за управување 3–12 месеци

️ Непрописно запирање и паркирање

(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации)

  • глоби од25 €, 40 €, 150 € и 180 €

(во зависност од видот и тежината на прекршокот)

 Учество во сообраќај со нерегистрирано возило

(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици)

  • 500 €глоба
  • ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена –100 €

 Намалување на санкциите

  • Плаќање во рок од8 дена→ се плаќа 50% од глобата
  • Ако има и забрана за управување → се изрекува вополовина од пропишаниот рок
Tags: „Безбеден град“глобипрекршоци
Next Post
kristen stewart

Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Ејџизмот и како ставот кон возраста го скратува или продолжува животот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто прозорците во Холандија речиси никогаш немаат завеси?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лилит низ хороскопските знаци – сенката што зборува различно кај секого

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk