ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026 22:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
МНР. Фото: Ангел Ангеловски

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија вечерва излезе со реакција на соопштението на бугарското МНР,  во која изрази жалење што, како што се наведува „оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог“.

– Во врска со денешното соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија, изразуваме жалење што оваа институција сѐ почесто се позиционира како рецензент на изјави на македонски политички претставници, наместо како партнер во суштински и европски ориентиран дијалог. Воедно, јасно нагласуваме дека ниту имаме намера, ниту потреба да бидеме дел од внатрешнополитичките или изборните процеси во Република Бугарија, ниту преку коментари, интерпретации, ниту преку вклучување во дневнополитички наративи, се наведува во реакцијата на македонското Министерство.

МНРиНТ ги повика бугарските институции да се водат од принципите на добрососедство, взаемна почит, предвидливост и институционална комуникација, принципи кои, како што истакнува, воедно претставуваат темелни европски вредности и стандарди.

– Затоа што Европа се гради со доверба и резултати, не со етикетирања и политички квалификации, се додава во реакцијата.

Бугарското МНР денеска преку соопштение изрази длабоко разочарување од, како што наведе, „континуираниот неконструктивен пристап на официјално Скопје и недостигот на отвореност во комуникацијата со јавноста“. Според бугарското МНР, изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски за иницијатива на поголеми и повлијателни земји членки на ЕУ за организирање состанок меѓу него и неговиот бугарски колега “е манипулативна”.

– Ова не е првпат Македонија официјално да изнесува вакви нејасни и манипулативни тврдења. Европскиот консензус од 2022 година беше едногласно усвоен од сите земји членки на ЕУ, како и од самата Република Северна Македонија. Во оваа смисла, уште еднаш го нагласуваме фактот дека дијалогот е институционален помеѓу земјата кандидат и ЕУ. Единствено и исклучиво од Скопје зависи да ги спроведе сите мерки наведени во консензусот, со цел да се унапреди процесот на европска интеграција, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Во него се додава дека Бугарија секогаш е подготвена за отворен дијалог за сите други прашања. -За жал, министерот Муцунски покажа неподготвеност да се вклучи не само со зборови, туку и во пракса, во водењето на таков отворен дијалог. Најнов пример за ова е одбиената покана за неговата посета на Софија на 25 ноември 2025 година за да се одбележи делото на Свети Климент Охридски – значајна историска личност од заедничката историја на двете земји, велат од бугарското Министерство.

Што се однесува до предлозите и оцените дадени од министерот Муцунски во врска со пристапот на Бугарија кон презентираниот нацрт-план за правата на заедниците, од МНР на Бугарија потсетуваат дека тој бил отфрлен од бугарската заедница во Северна Македонија како неприфатлив “поради отсуство на фундаментални принципи за гарантирање на заштитата на човековите права”.

“Очекуваме да бидат слушнати легитимните барања на нашите сонародници во Северна Македонија”, нагласуваат од бугарското МНР.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вчера, во гостување на Сител, посочи дека во текот на минатиот месец имало сериозни иницијативи од неколку земји членки на Европската Унија за организирање средба помеѓу него и неговиот бугарски колега Георг Георгиев. Иницијативите, како што рече тој, дошле од „поголемите и повлијателните“ членки на ЕУ. Сепак, Муцунски рече дека од страна на соседна Бугарија немало позитивен одговор.

– Кога ја добивме таа понуда како Влада, бевме прашани да предложиме неколку датуми. Рековме не, определете го датумот нашата делегација ќе биде присутна на такви разговори. За жал, од страна на соседна Софија немаше позитивен фидбек. Тоа што би можел да го кажам е дека и деновиве повторно од Брисел има иницијатива за организирање на средба. И повторно ќе кажам, ние сме на располагање“, истакна Муцунски.

 

Tags: бугаријаМНР
EVN

НАЈНОВО

МНР. Фото: Ангел Ангеловски

Македонското МНР со одговор на бугарското МНР: Бугарија се меша во нашите внатрешни работи со етикетирања

January 27, 2026
Фото: Скриншот

Нов инцидент: Пукање на агенти на ICE во Аризона, едно лице е во критична состојба

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Што е Војничевиот ракопис – мистеријата што одбива да биде прочитана

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk