ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трендафилов: Чекавме но никој од Владата не дојде да ја потпише спогодбата – зголемувањето на платите не им е приоритет

February 2, 2026 13:07
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов, реагираше по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека „не е проблем да дојде во ССМ“, обвинувајќи дека Владата денеска свесно избегнала да ја потпише спогодбата за зголемување на минималната плата.

„Во 9 часот во Сојузот на синдикатите на Македонија го чекавме претставникот на Владата да дојде и да потпишеме спогодба за утврдување на висината на минималната плата, започнувајќи со исплатата за месец февруари 2026 година, со која минималната плата се зголемува на 600 евра во нето, а останатите плати се зголемуваат за најмалку 6.000 денари“, објави на социјалните мрежи Трендафилов.

Според него, проблемот не е само минималната плата, туку и ниските плати што ги земаат голем број работници.

„Не се проблем само овие плати, проблем се ниските плати кои поголем број работници ги примаат и затоа веднаш мора да се зголемат останатите плати за најмалку 6.000 денари и да се зголеми минималната плата на 600 евра“, порача претседателот на ССМ.

Трендафилов оцени дека со непојавувањето на Владата „паднале маските“.

„Денеска паднаа маските, се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови. Денеска не дојде како што го поканивме – тие имаа други приоритети и се потврди дека не им е приоритет зголемувањето на работничките плати, ниту минималната плата, ниту останатите плати“, изјави тој.

Тој посочи дека Владата реагирала само под притисок.

„Мала криза и одма почнаа да наддаваат со зголемување на платите. За борбата што ја водеше Синдикатот на УПОЗ речиси една година, за што протестираа работниците во управата, а Владата одбиваше да го направи, денеска зборуваат дека ќе го прават“, рече Трендафилов.

Според него, иако по протестите бил прифатен предлогот за зголемување на платите во управата и правосудството, Владата повторно не постапила навреме.

„Добро е што по големиот работнички протест го прифатија предлогот на Синдикатот на УПОЗ, но требаше веднаш и без одлагање да го потпишат колективниот договор. Денеска требаше да ги зголемат платите во управата за 40 проценти, но не се појавија на потпишувањето – бегаат од одговорноста, како што бегаат цела 2025 година“, изјави тој.

Трендафилов предупреди и на последиците од евентуални измени на Општиот колективен договор.

„Барањето за укинување на одредбите од Општиот колективен договор значи намалување или откажување од работничките плати за 21,8 проценти за околу 130.000 работници во јавниот сектор. Во парички, тоа значи да им земат три парички, а да им дадат една – што е недозволиво“, нагласи тој.

Дополнително, според него, укинувањето на договорот би значело губење на повеќе работнички права.

„Тоа значи вработените да останат без јубилејни награди, без К-15 во образованието, здравството, одбраната и полицијата, како и без додатоците на плата што беа зголемени со Општиот колективен договор“, рече Трендафилов.

На крајот, тој постави директно прашање до Владата.

„Го поставуваме прашањето дали оваа Влада не само што не сака да им даде зголемување на платите на работниците, туку сака да им земе сѐ на работниците?“, изјави претседателот на ССМ.

По големиот митинг на ССМ одржан во петокот, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека прифаќа да се потпише колективниот договор за зголемување на платите за 40%, но не како што побараат синдикалците во февруари туку покачувањето на платите да биде етапно за две години.

Мицковски изјави дека понудата е веќе на маса и доколку ССМ ја прифати, средбата може да се одржи било каде.

 

За зголемување на минималната плата на сите работници – Мицковски повтори дека ставот на владата е јасен. Работниците и работодавачите се тие кои што треба да најдат решение за минималната плата. Владата, во рамките на Економско-социјалниот совет, е само посредник, посочи премиерот.

Претседателот на ССМ Трендафилов го повика премиерот на средба во понеделник за да го потпише колективниот договор за зголемување на платите на работниците. Ако Мицкоски не се појави во домот на работниците, синдикалците најавија масовни протести.

Ј. Ѓ.

Tags: МицкоскиплатиработнициССМТрендафолов
Next Post

Долгорочен пад на потрошувачката на пиво на германскиот пазар

EVN

НАЈНОВО

Трендафилов ги повика работниците на протест: Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив

March 11, 2026
Фото: Укринформ

Русија им помага на Иран со тактики за дронови од војната во Украина

March 11, 2026

Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

March 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Хејли Бибер за бракот со Џастин: Тој е мојот најголем извор на поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Близнаците живеат во две реалности – умот што никогаш не мирува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видео обраќање на Трамп: Не сакам да кажам дали новиот лидер на Иран има „мета на грбот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk