На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот Венко Филипче, за нова претседателка на Форум на жени на СДСМ е избрана Каја Шукова, соопштуваат од партијата.
Од СДСМ ѝ упатија честитки на Шукова и порачаа дека очекуваат таа да придонесе кон натамошно зајакнување на улогата на жените во партијата и во политичкиот живот.







