ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: СДСМ повторно го поднесува во Собрание законот, 600 евра минимална плата сега

February 10, 2026 13:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата денеска повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, со кој се предлага минималната плата да изнесува 600 евра, соопшти претседателот на партијата Венко Филипче на прес-конференција.

Филипче изјави дека законот повторно се поднесува откако минатата недела бил вратен од претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради, како што рече, наводни технички недостатоци.

„Целта беше законот да се поднесе до петти во месецот, за да постои обврска претседателот на Собранието да го стави на дневен ред во тековниот месец. Дали ова одложување е направено за законот да не се дискутира овој месец, ќе видиме во периодот што следи“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека СДСМ во целост ги поддржува барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија, оценувајќи дека минималната плата од 600 евра е неопходна за достоинствен живот.

„Во време кога синдикалната кошничка надминува 65 илјади денари, а една третина од трошоците се за храна, работниците заслужуваат достоинствен живот“, рече Филипче.

Според него, средствата за зголемување на минималната плата може да се обезбедат со кратење на буџетските ставки за патни трошоци, репрезентација и службени патувања.

„Во категориите 42 и 46 од Буџетот може да се скратат средства и да се обезбедат околу 7,5 милијарди денари, односно близу 120 милиони евра, за минималната плата да достигне 600 евра“, изјави Филипче.

Тој додаде дека постои можност државата да ги субвенционира придонесите за зголемените плати во приватниот сектор, за зголемувањето да не биде на товар на работодавачите и да не се загрози нивната ликвидност.

Филипче потсети на, како што рече, резултатите од мандатот на СДСМ, наведувајќи дека во првите години биле зголемени социјалната помош и минималната плата, како и платите во здравството.

„Ако тогаш можеше минималната плата да се зголеми од 8.000 на 14.500 денари, ако социјалната помош порасна за 300 проценти и ако платите на здравствените работници беа зголемени, оваа влада не може да тврди дека нема пари“, изјави тој.

Филипче ја критикуваше Владата и за најавата за купување нов владин авион, оценувајќи дека станува збор за „расипништво од невиден степен“.

„Тоа е исмевање во лице на луѓето што денес протестираат пред Собранието и кои едвај врзуваат крај со крај“, рече Филипче.

Тој повика законот за минимална плата да биде поддржан од сите пратеници, без разлика дали се од власта или од опозицијата, нагласувајќи дека станува збор за мерка од интерес за работниците и нивните семејства.

Филипче најави и дека СДСМ ќе поднесе Закон за измена на Законот за административни службеници, со кој би се вратиле платите на вработените во Собранието, кои, според него, биле намалени за околу 30 проценти со последните измени.

„Со тие измени сериозно се компромитира независноста на Собранието. Вработените мора да работат со дигнитет, затоа што ова е законодавната власт каде што се креираат политиките“, изјави Филипче.

Tags: законминимална платаСДСМСобрание
Next Post
Logo Mockup Collection by Asylab

ФК Победа – Прилеп се повлекува од натпреварувањата поради блокирана сметка и тешка финансиска состојба

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk