ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кузеска: Во тек е операција за враќање на Груевски преку напад врз предметите на СЈО

February 11, 2026 13:37
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека, како што рече, во тек е „координирана политичка операција“ чија цел е враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем во државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Кузеска оцени дека нападите врз предметите на Специјално јавно обвинителство (СЈО) се дел од пошироко сценарио за дискредитација на пресудите што произлегле од неговата работа.

Според неа, по најновите политички случувања во Унгарија, станува извесно дека премиерот Виктор Орбан може да се соочи со изборен пораз, што, како што рече, го увидел и Груевски.

„Наместо во Идризово, ВМРО му планира враќање во Белата палата. Така изгледаат ‘реформите’ во ВМРО – нема повеќе потпретседатели, нема внатрешна конкуренција, се расчистува патот за единствениот претседател“, изјави Кузеска, додавајќи дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според неа, е „само чувар на фотелјата“.

Клучниот чекор во ова сценарио, посочи таа, е нападот врз СЈО и пресудите поврзани со неговата работа. Кузеска тврди дека преку, како што ги нарече, „орбанови медиуми“ во Македонија, пред сè телевизија Алфа, се води кампања со наратив за „политички прогон“ и „монтирани случаи“.

„Целта е дискредитација на предметите, релативизирање на пресудите и подготовка на терен за нивно поништување. Ова не е случајна медиумска офанзива, туку организиран обид да се избрише одговорноста за криминалот на поранешната власт и да се претстави бегалецот Груевски како жртва“, рече Кузеска.

Таа додаде дека паралелно се носат решенија во правосудството што, според неа, се спротивни на европските препораки, се поставуваат партиски кадри на клучни позиции и се слабее институционалната независност.

„Ова не е внатрепартиска работа на ВМРО. Ова е директен напад врз владеењето на правото и европската перспектива на државата“, изјави портпаролката на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ претходно соопштија дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вршел притисок врз обвинителите во Специјално јавно обвинителство (СЈО) за тоа кои лица да бидат гонети, додека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, според нив, работела по наредба на тогашниот премиер Зоран Заев.

Во партиското соопштение се наведува дека, како што тврдат, СДСМ, Заев и Спасовски преку Јанева контролирале кои предмети ќе ги обработува СЈО, кој обвинител ќе ги води и кои лица ќе бидат опфатени со истрагите.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека обвинители како Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефановска ги обработувале предметите, додека Јанева, според нив, имала координативна улога бидејќи, како што се наведува, „немала експертиза во материјата“.

Tags: ГруевскиКузескаСЈО
Next Post
Илустрација Фронтлајн

Политички театар во магацин на МВР: спектакл со специјалци и снајпери, а 11 дена без одговор како 5 тони дрога поминале граница

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk