ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трендафилов до власта: Не ви се плашиме – служите за потсмев, наместо да ги зголемите работничките си ги браните вашите плати

February 13, 2026 07:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, преку јавна објава упати остри критики кон власта, обвинувајќи дека наместо да работат на зголемување на работничките плати, функционерите се обидуваат да ги одбранат сопствените привилегии.

Во објавата, Трендафилов наведува дека комуникацијата на дел од функционерите предизвикала негативни реакции во јавноста.

„Дозволете ми на премиерите, на министрите, на пратениците да им се заблагодарам на ПИАР-от кој успеа на врхушката, на неколкумина во врвот, не само да им се смее пола држава, туку успеа да ја предизвика и другата половина да ги осудува“, напиша Трендафилов.

Тој додава дека, според него, одредени изјави и постапки предизвикуваат поделби меѓу граѓаните.

„За жал, или не внимаваат што зборуваат или намерно го прават тоа и мислат дека само што не го свртеле народот против народот, само што не ги свртеле овие со минимална плата против овие со минимална плата“, наведува претседателот на ССМ.

Во објавата, Трендафилов ја критикува и реакцијата на функционерите во однос на иницијативите за намалување на нивните плати и зголемување на минималната плата.

„Но, што ти значи еден ден возење пешки на пратениците, без патни трошоци како да возат на керозин, што ти значи и Иницијативата и тие да дојдат на минималец, да ги намалат нивните плати, но затоа не бираат средства, за да не го изгубат тоа“, пишува тој.

Трендафилов оценува дека, според него, доколку постоела поголема решителност за подобрување на работничките примања, ситуацијата би била поинаква.

„Да беа вака жестоки за зголемување на минималната плата и за зголемување на работничките плати, како што се жестоки да го одбранат неодбранливото, денеска ќе беше друго, немаше да служат за потсмев и немаше да ги осудуваат“, наведува тој.

Во објавата, претседателот на ССМ истакнува дека синдикатот ќе продолжи да се бори за зголемување на платите и правата на работниците.

„Еве ние се бориме за зголемување на работничките плати, не затоа што нас ни треба, туку затоа што нив им треба, но, вие борејќи се против нас, се борите и против нив, затоа што нападот на синдикатот е напад на секој работник“, напиша Трендафилов.

Тој додава дека синдикатот нема намера да се повлече под притисок.

„Ние не ви се плашиме, а тие ви се смеат“, наведува Трендафилов.

Во објавата, тој порачува дека синдикалната борба е насочена кон подобрување на работничките услови, а не кон политички позиции.

„Ако има останато некој разумен таму, нека им каже дека не претендираме да бидеме функционери, политичари, јавни личности или што уште и да ги плаши, да зголемеа плати на работниците, да зголемеа минимална плата, ниту ќе се знаевме, ниту ќе не познаваа“, напиша претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Сојузот на синдикати на Македонија вчера ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите.

Третата фаза од блокадите е Владата, која ќе биде блокирана во вторник кога Владата одржува седница. Доколку ваквите активности на синдикатот не резултираат со позитивен исход, најавен е уште еден протест кој ќе биде организиран во неработен ден за да му се даде можност на секој работник кој сака да присуствува, како и организирање генерален штрајк.

Ј. Ѓ.

Tags: блокадиВладаминимална платаССМТрендафилов
Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Македонија ќе ги укине царините за американските производи, САД задржуваат 15% за македонските и нулта тарифа за некои производи

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk