Групата Лелк со песната „Андромеда“ победи на Дора 2026 и ќе ја претставува Хрватска на Евросонг, кој оваа година ќе се одржи во Виена.
Победникот беше одлучен со комбиниран систем на гласање, во кој жирито и публиката учествуваа со по 50 проценти. По гласањето на осумте жири-комисии – четири домашни од Загреб, Сплит, Риека и Осиек, и четири меѓународни од Обединетото Кралство, Луксембург, Сан Марино и Норвешка – Lelek веќе беа во водство.
Групата доби максимални 12 поени од жирито од Сан Марино, Сплит, Луксембург и Норвешка, што им даде силна предност пред конкуренцијата.
Публиката ја потврди победата
Конечната одлука ја донесе публиката преку телефонско гласање и СМС пораки. Лелек доби најголема поддршка и од гледачите, освојувајќи 96 поени.
На второто место според гласовите на публиката беше групата Cold Snap со 70 поени, додека третото место го освои Stela Rade со 47 поени.
Со вкупниот збир на поени од жирито и публиката, победата на Lelek беше официјално потврдена.
Во финалето на Дора 2026 настапија 16 изведувачи кои се пласираа преку полуфиналните вечери.
Во ревијалниот дел настапи Тончи Хуљиќ со групата Магазин, изведувајќи дел од нивните најпознати песни од Дора и Евросонг.
Протест пред финалето
Пред почетокот на финалето, пред зградата на ХРТ се собра група демонстранти од Иницијативата за слободна Палестина, кои повикаа на бојкот на Евросонг поради учеството на Израел.
И покрај протестите, финалето се одржа според планираното, а победата на Lelek означува нов претставник на Хрватска на најголемото европско музичко натпреварување.
Редакција Фронтлајн





