ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Поплавени домови, евакуирани домаќинства и висок водостој на реките по обилните врнежи во целата земја

February 16, 2026 07:29
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИНФО ПИТ, РЕПУБЛИКА
Фото: Скриншот, видео Јутјуб/Давор

Фото: Скриншот, видео Јутјуб/Давор

Share on FacebookShare on Twitter

Силните врнежи што непрекинато паѓаа во изминатите 36 часа доведоа до зголемен водостој на реките и поплави во повеќе делови од земјата. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека службите се на терен и интервенираат во регионите каде се регистрирани излевања, поплавени домови и блокирани одводни канали.

Поплави во Сарај, зафатени десетици домаќинства

Во Скопскиот регион, најкритично е во Општина Сарај, каде поплавите во селата Буковиќ и Семениште наложија координирана акција на општинските служби, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, ЈП Водовод и канализација и Дирекцијата за заштита и спасување. Интервенциите беа насочени кон расчистување на теренот, одводнување и постепена нормализација на состојбата.

Според информациите од терен, над 30 домаќинства биле погодени, а службите реагирале навремено и координирано, при што поплавените објекти биле расчистени.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, присуствуваше синоќа на состанок на Кризниот штаб во Општина Сарај заедно со градоначалникот Мухамед Елмази, каде беше направена детална анализа на состојбата.

„Беше нагласена важноста од брзата реакција, институционалната координација и постојаната комуникација со локалната самоуправа за заштита на граѓаните и нивниот имот. Дефинирани се конкретни чекори за санација на штетите и превентивни мерки за намалување на ризиците во иднина“, информираа од ЦУК.

Излевање на реки и поплавени ниви во Кумановско

Во Кумановскиот регион, во Општина Липково, реката Слупчанка излегла од корито во селото Опае, при што биле зафатени делови од населбата, но најголемиот дел од штетите се однесуваат на поплавено земјоделско земјиште. Излевање е регистрирано и кај Оризаре, без пријавена штета на станбени објекти.

Во Кратово и Крива Паланка, според официјалните информации, засега нема пријави за поплави.

Висок водостој на реките низ западниот дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека водостојот на реките значително се зголемил поради непрекинатите врнежи во изминатите 24 часа, особено во западните делови од земјата, каде се очекува дополнително зголемување.

Посебен ризик постои во горниот дел од сливот на Вардар, каде се очекува висок водостој и можни заезерувања во Полошката Котлина. Тоа може да доведе до задржување на водата во ниските делови и локални излевања на помалите реки и суводолици во гостиварскиот и тетовскиот регион.

Во Тетово, интензивните врнежи го зголемиле водостојот и создадоа проблеми со одводни канали, а преку 112 е пријавено свлечиште на патниот правец кон Џепчиште.

Најтешките слики, според вонредниот пресек, доаѓаат од Гостивар и околните општини, каде се евидентирани поплавени куќи, подруми и стопански објекти, како и затрупани канали. Во Беловиште се интервенирало за заглавени лица во поплавен објект и тие се безбедно извлечени, а во Форино е пријавено излевање на Вардар со ризик за куќите во близина на мостот кон Тумчевиште. Во истиот контекст се нагласува и проблемот што ретко се кажува директно: ограничените технички ресурси ги прават дел од интервенциите потешки, иако службите се на терен.

Кичево под вода, ризици и во други региони

Зголемени водостоји се регистрирани и во Охридско-Струшкиот регион, особено кај реките Сатеска и Коселска, каде постои ризик од локални излевања.

Во Охрид состојбата е оценета како стабилна, но во Кичево, по излевање на Зајашка река, пријавени се поплавени куќи и дворови на повеќе улици, дополнително од околу 30 семејни куќи се евакуирани деца и повозрасни. Директорот Мухамед Али посочува дека состојбата се следи континуирано во координација со надлежните институции.

Општина Кичево соопшти дека според првичните информации погодени се околу 200 жители, а за оние на кои им е потребно времено згрижување ќе се обезбеди сместување во спортската сала во Иванидол. На терен се екипите на ЈКП „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица, со приоритет да се реагира таму каде што има најголем ризик за луѓето и имотот, а свикан е и кризен штаб што треба континуирано да ја следи состојбата и да ги координира активностите.

Црна Река исто така бележи зголемено ниво, со можност за излевање во Демиркапискиот и Пелагонискиот регион.

Реката Треска е означена како високоризична на критичните точки кај селата Пласница и Лисичани, а дополнително зголемување се очекува и на Кичевска Река.

Предупредување за претпазливост и можни нови врнежи

УХМР предупредува граѓаните да се движат внимателно покрај реки и водотеци, особено во западните делови од земјата. Локално интензивни врнежи се можни и во други региони, што може дополнително да го зголеми ризикот од поплави.

Временската прогноза не најавува брзо подобрување. За денеска се прогнозира променливо облачно време со повремени врнежи, што може да го задржи водостојот висок и да предизвика нови локални излевања.

Состојбата останува под внимателен мониторинг, а надлежните институции продолжуваат со интервенции и превентивни мерки за заштита на населението.

Врнежите повторно ја извадија на површина слабоста на системот кога водата ќе излезе од корито: државата реагира преку теренски екипи и итни интервенции, додека истите места од година во година остануваат меѓу најранливите.

Tags: евакуацииипоплави
Next Post

СДСМ: Како 5 тони дрога ја поминале границата и кој дозволил „40 фудбалски стадиони“ марихуана?

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk